21 Мај, 2018
0.3587
    ALK 8098.79    0.29%     BESK 7738.39    -2.05%     GRNT 743.11    -1.78%     KMB 4373.93    0.64%     MKSD 204    9.68%     MPT 30016.78    0.05%     MTUR 4100    -0.41%     OHB 6498.44    0.11%     PPIV 44500    0%     RMDEN16 95.5    0.42%     RZLE 14    0%     RZLV 44    0%     RZUS 124.82    -0.94%     STB 1022.5    -0.26%     STBP 1102.85    0.07%     STIL 132.97    3.31%     TEL 270    -1.46%     TNB 13718    3%     TPLF 1573.88    -1.18%     TTK 860    -1.23%     UNI 2420.09    2.55%     ZILU 238    8.18%

Политизација на неполитичкото убиство на Абази

Објавено во: Анализа 06 Октомври, 2017

Откако Алит Абази носителот на независната листа за советници на општина Кичево почина по здобиените прострелни рани убиството кое веднаш МВР и Обинителството го окаректизираа како неполитичко, партиите прават силни напори да го политизираат.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ова е првото убиство на директен учесник во локалните избори во историјата на Македонија и дека власта на СДСМ дозволила ситуацијата да излезе од контрола без способност да ја организираат предизборната кампања на мирен начин. 

- Институциите на власта демонстрираат неспособност да обезбедат мирно и фер спроведување на предизборниот период. Тие се најповикани за тоа, а во нивни раце се и механизмите за обезбедување на редот. Загрижувачки е што во дел од случаите тие се и активен учесник во целиот процес на нарушувања на изборниот процес. Ова ли е животот кој премиерот Зоран Заев го ветуваше, посочи Мицковски од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција за убиството на Абази.

Лицето кое пукаше во независниот кандидат за советник во општина Кичево, Алит Абази, доби 30-дневен притвор. 58 годишниот А.А. од кичевското село Горно Строгомиште кој по нападот веднаш беше уапсен. Тој пиштолот го поседувал нелегално, а притоа рани двајца соработници на Абази.

За Абази има различни шпекулации за инволвираност во подземјето по токму затоа убиството засега се води според лични мотиви за нерасчистени сметки отколку политичка ликвидација.

Кампањата започна доста мирно и видливо е и дека кај граѓаните не постои огромен ентузијазам за „бистрење“ политика, одење по митинзи и дебатирање по исцрпувачката политичка криза. Затоа изненадува што досега се случија повеќе инциденти како претепувањето на Амди Бајрам, пејач за спот на ДУИ, како и други прекршувања на јавниот ред и мир. 

Локалните избори секогаш значеле и пресметка на моќните групи кои не сакаат така лесно да се откажат од своите привилегии и статус кој го имаат стекнато, па затоа општинската власт е многу слатка, но тоа не смее да се прелие во изборно насилство и рушење на демократскиот процес.

Автор: Христијан Станоевиќ