27 Ноември, 2024
0.0275

ПОМАЛКУ БРАКОВИ И ПОВЕЌЕ РАЗВОДИ: Зошто „пукаат“ брачните заедници?

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) покажуваат дека во државата имаме помалку склучени бракови, но и повеќе разводи. Бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со претходната година е намален за 1.6 отсто  и изнесува 12.672 бракови. Бројот на разводи во 2023 година бележи зголемување од 9.4  отсто во споредба со 2022 година и изнесува 1.765 разведени брака. Психологот Јасмина Јовческа вели дека има повеќе причини поради кои луѓето се разведуваат.

„Разводот е голем стресоген фактор за понатамошно функционирање, особено кога е основано семејство, се стекнувал заеднички имот и се одгледувале деца. Иако најчеста причина зошто се стапува во брак е основање на семејство, љубов кон партнерот со кој се во врска особено ако таа врска е долга, но некои стапуваат во брак и заради финанскиска сигурност како мотивирачки фактор, но и потребата и желбата за придружник. Не е исклучен фактот дека се стапува во брак заради правни и општествени причини, но и семејни притисоци. И оттука најчеста причина за развод е токму и онаа поради која се стапува во брак, т.е  бараме партнер со кој ќе бидеме едно цело, а всушност сме две посебни индивидуи кои прифаќаат сличности и разлики. Дел од причините за развод е и избрзано донесување на одлука за стапување во брак пред да се запознаат партнерите, различните навики и неприфаќање на различноста на партнерите меѓусебно, со губење на емпатија и низок степен на толеранција, несогласувања кои водат до нарушена комуникација помеѓу партнерите, изневерување, различни облици на физичко, психичко и емоционално насилство. Самата оттуѓеност, брзото темпо на живот кое носи стрес, а сè повеќе прифаќање на европските „модерни вредности”, па дури и социјалните мрежи се дел од причините за разнишување на брачната заедница“, вели психологот.

Додава дека процесот на разделба е многу болен за секој пар, се случуваат многу загуби и тoa e процес кој бара голема реорганизација на животот и градење на нов идентитет.

„Иако има пораст на разводите, сè уште на нашите простори, тоа е тема која е оптеретена со многу митови, предрасуди кои будат чувства на неуспешност, осуда, отфрлување, намалување на ресурсите на поддршка. А кога човекот минува низ болка и е ранлив особено е важно дали има поддршка од блиски луѓе, било во форма на финансиска, општествена со цел да донесе најдобро решение за него. Секако има семејства кои поддржуваат развод како човеково право и семејства за кои е важно одржување на брак по секоја цена. И токму ваквите ставови можат да влијаат на одлуката, но и да го олеснат или отежнат целиот процес. Пред стапување во брак е значајно идните брачни партнери да се запознаени со наследни болести, финансиска состојба, различна национална припадност кои понатаму и тоа како влијаат врз нивниот семеен живот и животот на поширокото семејство и средината во која ќе живеат, со цел да можат да бидат подготвени со предизвиците со кои ќе се соочат“, додава Јовческа.

Најмногу бракови, 1.597 или 12.6 отсто, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 730 бракови или 5.8 отсто.

Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август, односно 66 или 3.7 отсто, а најмногу, односно 201 или 11.4 отсто во месец декември. Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години. Според траењето на бракот, најмногу разводи 393 или 22.3 отсто се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава