17 Декември, 2025
0.1136

Попова Шапка најевтино место за скијање во Европа

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2019 08:43

Добивај вести на Viber

Платформата за резервации Travelcircus го смести македонскиот зимски туристички центар Попова Шапка меѓу десетте најевтини туристички дестинации за скијање во Европа, пренесува германски „Велт“.

„Ски-празниците не секогаш мора да бидат скапи. Ние ќе ви покажеме каде да се обратите за евтин скијачки одмор во Европа и каде што најмногу може да се добие од соодносот на цена и квалитет. Зимски пејзажи, планинска панорама и километри за трчање под светло сино небо.Скијањето е скапо - но за среќа не насекаде во Европа. Платформата за резервации Travelcircus размислуваше за тоа и ги утврди десетте скијачки центри со најдобри показатели за цена и перформанси“, пишува „Велт“.

За туристичкиот бисер на Шар Планина е пресметано дека за цена од 39 евра дневно може да се плати билет за ски-лифт, да се изнајми опрема и да се престојува во хотел.

„Не е само забавно по разумна цена, но исто така има и многу сончеви зраци бесплатно. Многуте сончеви денови и удобните падини во должина од 20 километри за семејна прошетка од 1947 година ги привлекуваат фановите на зимските спортови на северот од Македонија“, се вели во изборот.

Попова Шапка е најевтин избор меѓу сите останати, како што се Буковел (57 евра) и Драгобрат (48 евра) од Украина, Грандвалира (97 евра) од Андора, Порт ду Солеил (118 евра) и Троа Вале (121 евра) од Франција, Фолгарида Марилева ( 102 евра) од Италија, Рука (106 евра) од Финска, Роза Хутор (58 евра) од Русија и Матерхорн (150 евра) од Швајцарија. 


Можеби ќе ве интересира

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно