19 Декември, 2025
0.0541

Популарниот ресторан за брза храна „Еверест“ отвори модерен локал во Веро центар

Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2022 14:13

Добивај вести на Viber

Популарниот ресторан за брза храна „Еверест“, познат по уникатните сендвичи и најквалитетно кафе, конечно отвори свој локал и во Скопје како дел од „Веро“. Интернационалниот бренд, кој во Грција и регионот има повеќе од 200 ресторани на најпрометни локации, денеска официјално ги отвори вратите на новиот модерен локал лоциран во Веро центар.

Голем број посетители на првиот ден од отворањето беа нестрпливи да пробаат од широкиот избор на уникатна, вкусна храна и свежо приготвени пијалаци, како и од популарните сендвичи на „Еверест“ кои секој потрошувач ги приготвува според сопственикот вкус. Посетителите уживаа во ароматичните кафиња послужени во модерниот и пријатен амбиент на ресторанот, уреден според највисоките стандарди на брендот. На менито на „Еверест“ може да се најдат најразлични салати, топли и ладни сендвичи, тортиљи, свежо приготвени печива, вкусни десерти, здрави оброци и освежителни пијалаци, како и различни видови кафе приготвено од најквалитетни мешавини. Главната одлика на понудата на „Еверест“ се многубројните опции за сечиј вкус во секој дел од денот, секогаш приготвени со производи со препознатлив квалитет и одлична цена.  

„Еверест“ е еден од најголемите синџир ресторани за брза храна во Грција, со повеќе од 200 локали низ целата земја, но и во поширокиот регион, кои послужуваат повеќе од 100.000 потрошувачи дневно. Со отворањето на „Еверест“ ресторанот во Скопје, „Веро“ ја стави Македонија на мапата на земји кои на потрошувачите може да им ги понудат уникатните производи на овој популарен бренд.

Со отворањето на „Еверест“ во Скопје го прошируваме портфолиото на „Веро“ со уште еден популарен интернационален бренд кој предизвикува огромен интерес во земјите во кои е присутен. Наша цел е секогаш на потрошувачите да им понудиме поголем избор на квалитетни и докажани брендови кои нудат врвен квалитет и услуга. Тоа што успеавме да го донесеме „Еверест“ на нов пазар во период кога целиот свет се соочува со криза е доказ дека интернационалните партнери веруваат во стабилноста на „Веро“ и во нашата подготвеност да се развиваме и покрај сите предизвици – вели Петар Денковски, генерален директор на „Веро.

Покрај „Еверест“, дел од портфолиото на „Веро“ се ифраншизите за„Џамбо“ маркетите (Jumbo), за ресторанот за брза храна „Гудис“ (Goody’s) и за популарниот ресторан за самопослужување „Фул плејт“ (Full plate) во состав на Веро центар.  

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“