15 Јануари, 2025
0.0261

ПОРАКА ОД ГРЕНЛАНД: Премиерот сака да разговара со Трамп

Објавено во: Свет 11 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Властите на Гренланд сепак сакаат да разговараат со САД. 

Премиерот Муте Боуруп Егеде, вчера изјави дека е подготвен да разговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој најави дека сака контрола на арктичкиот остров, и побара да се почитуваат посакувањата за независност на таа територија. Егеде сè уште не контактирал со Трамп.

„Но, ние сме подготвени да разговараме. Данска и Гренланд се подготвени да го интензивираат дијалогот со САД. Ние соработувавме со САД во минатото и ќе продолжиме да соработуваме“, рече Егеде.

Данската премиерка Мете Фредериксен во четвртокот изјави дека побарала средба со Трамп, но не очекувала тоа да се случи пред инаугурацијата.

Гренланд, кој има 57.000 жители, беше данска колонија до 1953 година и сега е самоуправна данска територија. Во 2009 година, Гренланд го доби правото на глас за да ја обезбеди својата независност. Гренланд има право да прогласи независност од Данска од таа 2009 година, но островот кој зависи од значителни годишни трансфери од данскиот буџет, сè уште не го сторил тоа.

Островот, чиј главен град Нуук е поблиску до Њујорк отколку до данскиот главен град Копенхаген. Сепак, тој се развива бавно, а економијата на островот зависи од риболовот и годишните субвенции од Данска.

Трамп, кој ќе биде инаугуриран за претседател на 20-ти јануари, ја опиша контролата врз полуавтономната данска територија Гренланд, за што зборуваше и во својот прв претседателски мандат од 2016 до 2020 година, како „апсолутна неопходност“ за националната безбедност на САД. Притоа, тој не ја исклучи примената на воен или економски притисок, вклучително и воведување царини за Данска.

Данската влада размислува за зголемување на военото присуство на Гренланд. 

Владата предложи купување на два нови брода за истражување на Арктикот и зголемување на бројот на патроли со санки за кучиња за да го зајакне своето воено присуство на островот. 

Предложи и надградба на аеродромот во Кангерлусуак, поранешна американска воена база во западен Гренланд, за да можат таму да бидат распоредени борбени авиони Ф35, пренесува Ројтерс.

Данска веќе одвои 400 милиони долари за зајакнување на активностите за надзор и разузнавање во Арктикот и северните делови на Атлантскиот Океан со помош на дронови со долг дострел.

Можеби ќе ве интересира

ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП ЦЕЛ НА ЕКСТРЕМИСТИТЕ? Еве што велат разузнавачките агенции

ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП ЦЕЛ НА ЕКСТРЕМИСТИТЕ? Еве што велат разузнавачките агенции

МУ ДАЛА ОГРОМНА СУМА ПАРИ: Лажен Бред Пит измамил Французинка

МУ ДАЛА ОГРОМНА СУМА ПАРИ: Лажен Бред Пит измамил Французинка

ТВРДАТ ДЕКА ОВА Е НАЈДОБРОТО МЕСТО НА ЗЕМЈАТА: Полски град му нуди замок на Илон Маск

ТВРДАТ ДЕКА ОВА Е НАЈДОБРОТО МЕСТО НА ЗЕМЈАТА: Полски град му нуди замок на Илон Маск

ПРОНАЈДЕН Е МРТОВ ВО МОСКВА: Убиен е руски спортист и контраразузнавач

ПРОНАЈДЕН Е МРТОВ ВО МОСКВА: Убиен е руски спортист и контраразузнавач

ИМААТ НОВ ТОВАРЕН ДРОН: Русите го нарекоа ТРАМП

ИМААТ НОВ ТОВАРЕН ДРОН: Русите го нарекоа ТРАМП

ТЕЛОТО Е НАЈДЕНО ВО УНИШТЕНИОТ ДОМ: Холивудската актерка Дејлис Кари настрада во шумските пожари во Лос Анџелес

ТЕЛОТО Е НАЈДЕНО ВО УНИШТЕНИОТ ДОМ: Холивудската актерка Дејлис Кари настрада во шумските пожари во Лос Анџелес

„УБАВО Е И ВО ВАШАТА ТАТКОВИНА“: Мигранти во Германија добиле лажни авионски билети со ваква порака

„УБАВО Е И ВО ВАШАТА ТАТКОВИНА“: Мигранти во Германија добиле лажни авионски билети со ваква порака

РУСКИ ПРАТЕНИК: Трамп би можел да се согласи на поделба на Гренланд на неколку делови

РУСКИ ПРАТЕНИК: Трамп би можел да се согласи на поделба на Гренланд на неколку делови

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Авионите фрлаат розев прав - за каква супстанца се работи?

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Авионите фрлаат розев прав - за каква супстанца се работи?