ПОРАКА ЗА МАКЕДОНИЈА: Ќе го продолжи преговарачкиот процес со ЕУ откако ќе бидат усвоени уставните амандмани
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2023
Македонија ќе го продолжи преговарачкиот процес со Европската Унија откако ќе бидат усвоени уставните амандмани, што е предвидено со Преговарачката рамка и со заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, стои во заклучоците усвоени на денешното заседание на Советот за општи работи на Унијата.
Дополнително, се поздравува нивото на подготовка на земјава во клучните области и се нагласува важноста од забрзување на реформите поврзани со ЕУ и нивна натамошна консолидација и имплементација, во областите на владеењето на правото и на основните права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинските заедници. Исто така, се бара и гарантирање на независноста, професионалноста и непристрасноста на судството, зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал и реформи во јавната администрација. Се апелира на зајакнување на слободата на медиумите и на изразувањето и се нагласуваат очекувањата за конкретни резултати од имплеметацијата на договорите со Грција и Бугарија.
Како што изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, усвоените заклучоци се фундаментални за напредокот на политиката за проширување и со нив се потврдува напредокот на 10-те кандидати за членство и се испраќа јасна порака за посветеност на проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, Турција, Украина, Молдавија и Грузија.
„Ова е година на моментум на политика на проширување на ЕУ и драго ми е што не само што успеавме да дадеме предлози до Советот, туку донесoвме и одлуки“, рече Вархеји.
Тој додаде дека сепак конечната одлука околу процесот на проширување ќе ја донесат лидерите на Унијата на Самитот во четврток и во петок.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.