ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ГРАДСКИ ПАРКИНГ И ВОЗВРАТИ НА АРСОВСКА - таа лаже дека ми побарала оставка
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2022
Во настап на Радио Лидер, поранешниот в.д. директор на ЈП Градски паркинг Бојан Христовски, рече дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на својот профил на Фејсбук објавила лага, која, според него, е несоодветна за профил на личност на ниво на градоначалник.
– Некако многу бргу се разрешуваат директори. Беше многу специфична ситуацијата како по објава на еден портал, без притоа да имаме некаков институционален одговор или некаква пријава, или барање до обвинителство, така само на една приказна да се разрешува директор. Па, нешто слично видовме и претходно и со директорот на Зоолошка градина, каде што слушнавме за некакво хранење на животни, па беше разрешен. Па тука е и пукањето на брат му на Зуди Кока, па беше разрешен. А, тоа што вчера го видов на профилот на градоначалничката Арсовска искрено ме изненади. Профил на личност на ниво на градоначалник да кажува таква лага на социјални мрежи искрено не беше за мене соодветно, само бев изненаден – вели Христовски.
Тој посочи дека поднел оставка бидејќи не сакал да биде дел од понатамошни евентуални монтирани конструкции од страна на портали и Градот Скопје.
– После тоа што го видовме, после тоа што се случи, не сакајќи да бидам дел од понатамошни евентуални монтирани конструкции од страна на портали и Градот Скопје, воедно би кажал и за ситуацијата во Градски Паркинг, соработката и несоработката со Град Скопје, едноставно решив јас, а во исто време и директорот на Дрисла, да си дадеме неотповиклива оставка од позицијата. Едноставно, тоа беше самоволно, самостојна одлука. Пишав статус на Фејсбук и во исто време однесов документ со кој што и официјално, формално барам од Град Скопје да ми се прекине функцијата В.Д. директор во Градски паркинг – појасни тој.