Пораст на трошоците на живот во август
Објавено во: Економија 02 Септември, 2013 14:10
Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, порастот на индексот на трошоците на живот во август во однос на јули годинава е резултат на повисоките индекси на производите од жито за 2 отсто, преработките од млеко за 1,4 проценти, свежото и киселото млеко за 0,9 отсто, јајцата за 0,8 отсто, преработките од риба и мастите за 0,5 отсто, преработките од зеленчук и алкохолните пијалаци за 0,4 отсто.
Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 19,5 отсто, нафтените деривати за 2,6 отсто, течните горива и гасот за домаќинствата за 1,4 отсто, средствата за хигиена за 0,5 отсто, облеката и мебелот за 0,2 отсто.
Намалување на индексот на трошоците на животот во август 2013 година, во споредба со претходниот месец има кај овошјето за 2,1 осто и зеленчукот за 0,8 отсто.
Намалување на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за домаќинствата за 2,9 отсто, обувките за 0,8 отсто и електричните апарати за домаќинстата за 0,2 отсто.
Можеби ќе ве интересира
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно




