17 Октомври, 2024
0.0358

ПОСКАПЕ КРАВЈИОТ ПУТЕР ВО ЕВРОПА: Oва е лоша вест за пекарите и слаткарите

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Рекордно поскапување има на кравјиот путер во Европа. Само во септември цените на млечниот путер поскапеа во просек за 2,3 отсто, а претходниот месец растот беше над 5 отсто. 

Цената на кравјиот путер драстично се зголеми во последните месеци и сега се тргува на рекордно ниво низ Европа. Цената на млечните производи произведени во Европа надмина 8.700 долари за тон, што е за 83 отсто повеќе од годишно ниво, покажуваат најновите официјални податоци на ЕУ. Ова е лоша вест за пекарите и слаткарите токму на време за активни подготовки за божиќните празници и во позадината на зголемените цени на чоколадото и шеќерот, забележува Ројтерс, пренесува „Сега.бг.њус“. Поскапувањето е пред сè, поради ограничените залихи со зголемена побарувачка за нафта.

„Глобалното производство на млеко малку закрепна во 2024 година, но остана ограничено во споредба со зголемената побарувачка, што доведе до тоа преработувачите на млеко да претпочитаат да произведуваат поконкурентни производи како сирење наместо путер“, коментира Мајкл Харви, висок аналитичар за динамика на пазарот на млечни производи на финансиската групација „Рабобанк“.

Производството на млеко во ЕУ порасна за 0,7 отсто меѓу јануари 2023 година и јули 2024 година, покажуваат најновите бројки на ЕУ. Во истиот период, производството на путер падна за 1,6 отсто со залихи на историско најниско ниво, додека производството на сирење се зголеми за 3,2 отсто. Порастот на европските цени на путерот беше поттикнат и од стравувањата од натамошно намалување на понудата поради ширењето на кравјите болести во Западна Европа, како што се син јазик и епизоотската хеморагична болест. 

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

КАЗАХСТАН НЕ САКА ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА БРИКС: Кој е приоритетот?

КАЗАХСТАН НЕ САКА ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА БРИКС: Кој е приоритетот?

УНЦА НАД 2.600 ДОЛАРИ: Зошто расте цената на златото?

УНЦА НАД 2.600 ДОЛАРИ: Зошто расте цената на златото?

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

БЛУМБЕРГ: Eкономијата на Германија е во блага рецесија

БЛУМБЕРГ: Eкономијата на Германија е во блага рецесија

ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки

ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки

„СОВРЕМЕН ДОМ“ ПРИЛЕП БИРА ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД - еве кои добиваат уште еден мандат, а кој е нов

„СОВРЕМЕН ДОМ“ ПРИЛЕП БИРА ЧЛЕНОВИ НА ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД - еве кои добиваат уште еден мандат, а кој е нов

БИСЛИМОСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ЦЕНАТА НА ПАРНОТО - ќе биде стабилна до следното лето

БИСЛИМОСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ЦЕНАТА НА ПАРНОТО - ќе биде стабилна до следното лето

ПОЛАДНА ЗИМА ЌЕ ДОНЕСЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ГРЕЕЊЕ: Европа нема доволно гас, ќе биде принудена да увезува

ПОЛАДНА ЗИМА ЌЕ ДОНЕСЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ГРЕЕЊЕ: Европа нема доволно гас, ќе биде принудена да увезува

СОЗДАДЕНА НАЈМОЌНАТА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕНКОВИ? Еве кои држави се инволвирани во нејзиното креирање

СОЗДАДЕНА НАЈМОЌНАТА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕНКОВИ? Еве кои држави се инволвирани во нејзиното креирање