„ПОТКУП“ ПРЕД ФИНИШ: Ќе чуе ли Заев ослободителна пресуда?
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2018
Јавноста денеска ќе ја слушне пресудата за случајот „Поткуп“.
Дали кривичен суд ќе донесе ослободителна пресуда за случајот во кој првиот човек на владата Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.
Премиерот на претходното рочиште кажа дека очекува ослободителна пресуда а по рочиштето денеска во суд, следува потегот на ЈО од чија одлука како ќе постапи со обвинението ќе зависи и судската одлука.