ПОТРОШУВАЧКАТА СЕ НАМАЛИ: Европска земја влезе во рецесија
Објавено во: Економија 30 Октомври, 2023
Австрија влезе во рецесија. Намалувањето на БДП два последователни квартали укажува на рецесија.
Австриската економија влезе во рецесија во третиот квартал поради намалената потрошувачка на домаќинствата и државата. Податокот е наведен во проценката на економскиот институт WIFO. Бруто домашниот производ е намален за 0,6 отсто во периодот од јули до септември во однос на претходните три месеци кога падна за 0,8 отсто.
Извозот е зголемен за 2,4 отсто, а во пролетниот квартал е забележан ист процентен пад. Зголемен е и увозот, за 2,5 отсто, по падот од 1,0 отсто во претходните три месеци. На годишно ниво БДП се намали за 1,2 отсто, скоро со исто темпо како и во претходните три месеци.
Германската економија годинава падна во рецесија. Поради инфлацијата се намали потрошувачката.foto freepik.com/copperpipe
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.