Добивај вести на Viber
При експлозијата во Брисел, повредени се двајца Срби кои чекале авион за Белград.
Патниците од Србија биле во непосредна близина на местото на експлозијата.
„ Детонацијата нè фрли, летавме неколку метри, преку нас падна стакло, а потоа и конструкција од плафонот и плочи од гипс. Нешто ми ја проби кожната јакна, дуксерот, маицата и ми се заби во лопатката. Беше ужасно, околу нас лежеа мртви луѓе. Видов и еден војник како лежи во локва крв. Секаде по облеката имав парчиња човечко месо. Кога сфативме дека сме живи, почнавме да се извлекуваме од аеродромот на кој владеше хаос“-вели патникот кој сака да остане анонимен, за да не се вознемират неговите блиски во Србија.
Со такси се упатиле во болница, каде ги преврзале, прегледале и пуштиле. Тој вели дека овој ден за него е втор роденден, затоа што преживеал. Експлозијата била на 5 м од нив, и се сомнева дека од силниот звук има оштетувања на слухот, за што ќе треба дополнително да се прегледа.
Тој со автомобил сака што побрзо да стигне во Србија.