ПОВРЕДЕНО ДЕТЕ ВО СКОПСКА ПРИВАТНА ГРАДИНКА, родителите не биле известени, но самите забележале проблем
Објавено во: Македонија 07 Август, 2022 17:17
Мало дете, кое посетувало приватна детска градинка се здобило со тешки телесни повреди, а вработените во градинката не ги известиле родителите при неговото зимање.
Родителите забележале дека нешто не е во ред со нивното дете откако го земале од градинката, а повредите на нивното дете биле утврдени по посета на болница во главниот град.
Загрижените родители во вечерните часови во текот на вчерашниот ден го пријавиле настанот во полициската станица во Карпош, од каде се најавуваат мерки за расчистување на случајот.
- На 06.08.2022 во 21:50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т. (38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17:00 часот откако го земал неговото дете од приватна детска градинка на булевар „Илинден“ забележал дека со детето нешто не било во ред. Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите. Во приватна болница во Скопје била констатирана тешка телесна повреда кај детето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - се наведува во извештајот на МВР
Можеби ќе ве интересира
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско




