Повторно салмонела во Источна Македонија, шеснаесетмина се затруле на свадба
Објавено во: Македонија 27 Април, 2018 14:12
Шеснаесет лица од Штип, меѓу кои и едно дете, се хоспитализирани на Инфективното Одделение во штипската Клиничка болница, откако се затруле од храна. Станува збор за лица кои биле на три различни свадби, но во истиот угостителски објект. Според лекарите, првите пациенти почнале да пристигнуваат минатата недела, по што продолжиле и во текот на наредните денови
Во неделата на Инфективното одделение јавени се неколку пациенти со симптоми на повраќање, проливи, малксаност, грчеви во стомакот, а истите се задржани во болницата. Наредните денови, исто така, три до четири пациенти се јавувале на Инфективното одделение со истите симптоми. До вчера нивниот број изнесува 16 пациенти, меѓу нив е и едно дете со истите симптоми и тоа е задржано на одделението – вели Марина Шуманска, портпарол на Клиничка болница-Штип.
Според направените анализи, кај 13 пациенти е констатирано дека причина за симптомите била салмонела.
Ова не е првпат во источниот регион да има колективно труење од храна. Првиот случај беше во една штипска фабрика, а вториот во рудникот Злетово во Пробиштип.
Можеби ќе ве интересира
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје




