Пред нас е продолжен викенд – Уште колку ни остануваат до крајот на 2015?
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2015
По повод 11 Октомври-Денот на востанието на македонскиот народ кој годинава се фаќа во недела, понеделник ќе биде неработен ден за граѓаните на Македонија што значи дека ни следи продолжен викенд.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) до крајот 2015 година неработни денови остануваат уште неколку:
За сите граѓани на РМ
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден
• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (вторник), „Св. Климент Охридски”
За граѓаните од католичка вероисповед
• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 24 септември (четврток), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам -ДЕНЕС
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик