12 Мај, 2024
0.0251

Пренесена јасна порака за приоретизирање на родовите прашања во евроинтеграциските процеси

Објавено во: Мои пари 10 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Во организација на Реактор-Истражување во Акција, во рамките на проектот „ЕУ застапување“ поддржан од Квина Тил Квина, денес беше одржана конференција во знак на одбележување на Меѓународниот ден на жената.

Конференцијата овозможи конструктивна дебата во која учесниците потенцираа дека е потребно да се зголеми видливост на женските права во поглед на евроинтеграцијата, како и дека е неопходно поголемо учество на жените во политиката и подготвителните процеси.2 (3)

Организациите на граѓанското општество побараа поголема вклученост на граѓанскиот сектор во усогласувањето на легислативата и стандардите. Овој настан на едно место ги собра сите релевантни чинители од националните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните организации, кои низ дискусија се согласија дека е потребна поголема политичка волја и поконкретни заложби преточени во соодветни материјални и човечки ресурси неопходни за унапредување на родова еднаквост.

Дополнително беше нотирано дека се потребни конкретни реформи во функционирањето на родовата машинерија со што би се осигурала имплементацијата на постојната легислатива и политиките Дамјан Здравев од Реактор Истражување во акција, во воведната сесија потенцираше дека на родовата еднаквост сеуште се гледа како на женско прашање, а жените и понатаму се дискриминирани во сите општествени сфери, со посебен акцент на пазарот на труд, каде што бележиме исклучителновисока стапка на неактивност, а понатаму следствено и во сите процеси на одлучување.

Како земја кандидат за членство во ЕУ имаме обврска целосно да ги прифатиме и почитуваме фундаменталните принципи на Унијата, меѓу кои еден од најважните е еднаквост меѓу мажите и жените. Конференцијата ја отвори Министерката за труд и социјална политика г-ѓа Фросина Ременски, која посочи: “Проекциите покажуваат дека ако се продолжи со ова темпо, ќе ни требаат 70 години за постигнување на еднаквост во платите.

1

Членството во ЕУ е приоритет за државата, во време кога Македонија се бори за препорака за отпочнување на препораките, човековите права и недискриминација се меѓу основните чекори. Време е Македонија да се врати на европски пат” “Мора да се работи поефективно на имплементирање на законот во реалност, а тоа бара големи напори и тоа на дневна база, потребни се двојни напори”- додаде Луиза Винтон постојана координаторка на ОН во Македонија.

Шведскиот Амбасадорот Мат Стафансон, образлоќувајќи ја шведската феминистичка надоврешна политика, посочи дека жените треба да имаат еднаква моќ да го обликуваат општеството и сопствениот живот, онака како што тие сакаат. Пред присутните говореа и г-ѓа Лилјана Поповска, Софи Бомонт од Делегацијата на ЕУ, Марија Савовска, Гонзало Ди Цезаре од мисијата на ОБСЕ во Скопје и многу други.

Можеби ќе ве интересира

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?