Претепан градоначалникот на Арачиново од повеќе лица
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2022
Градоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибраими бил физички нападнат. Случајот за ТВ21 го потврдија од МВР.
Од МВР велат дека според пријавата Ибраими, бил нападнат од повеќе лица.
„На 13.09.2022 година во 09:46 часот во СВР-Скопје, градоначалникот на општина Aрачиново пријавил дека бил физички нападнат од повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.