Претепан Тодор Петров по осветувањето на крстот во Бутел
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2016
Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров денеска е претепан во близина на скопскиот саем во ресторанот Каза Бланка.
Според информации од полицијата настанот се случил непосредно по неговиот говор на денешното поставување на камен темелникот на крстот во општина Бутел. Во Ургентен центар Петров бил примен и се прават дополнителни испитувања за неговата здравствена состојба, но сепак не станува збор за сериозни повреди.
Високи партиски функционери на ДУИ утрово излегоа на протест, за да го спречат почетокот на поставувањето на крстот во Бутел. Полицијата не дозволи групата да дојде до локацијата на крстот.
На поставувањето на 50 метарскиот крст присуствуваа голем број функционери од ВМРО - ДПМНЕ и градоначалници.