07 Октомври, 2024
0.0342

Претприемништвото задолжителен предмет во образованието

Објавено во: Економија 24 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Претприемништвото да се воведе како задолжителен предмет во средните училишта со водедување на пракса и волнтирање во претпремачки компании е една од главните препораки кои произлегоа од завршната конференциа “Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување” која се одржа во Струга од 21 - 24 мај 2015 година. Конферениоата ја реализираше Коалицијата на младински организации СЕГА поддржана ЕРАСМУС+ програмата преку Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог). На конференцијата свои презентации имаа и Урим Касапи од канцеларијата на УНДП во Македонија, Младен Фрчковски од Министерството за труд и социјална политика, како и Дарко Димитров од Националната агенција за Евроспки образовани програми и мобилност. DSC_0099 Целта на проектот е преку активно вклучување на младите луѓе и младинските организации со  структурен дијалог со релевантните засегнати страни, да се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на мерките за младинско вработување, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ. Останатите препораките кои беа усвоени и ќе бодат доставени до Министерството за труд и социјална политика се:
  • Востоставување на критериуми за вработување во граѓански организации и нивно активно вклучување во мерките на Агенцијата за вработување.
  • Креирње и воспоставување на Младинска Гарантна шема во рок од 6 месеци за регистрирани невработени млади и млади кои предвремено го напуштле образованието до 30 години според практиките од ЕУ, вклучувајки пилотирање и план за финансирање
  • Доолнување на системот на АВРМ во насока на следење на професионалниот и кариерниорт развој на младите
  • Учество во креирањето на образовни програми во сфератите кои имаат дефицит на кадри за вработување.
DSC_0184 Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА изјави дека треба да се зголеми активното учество на младите во креирањето јавни политики. Овие препораки треба да придонесат да се зголеми вработеноста на младите во приватните компании и да допринесе за равој на претприемништвото во Македонија. Исто така со овие препораки веруваме дека ќе се зголеми активното учество на младите и граѓанските организации во креирањето на јавните политики поврзани со вработување и со младите.„ Во рамките на проектот се одржаа 10 локални дебати во Штип, Струмица, Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Скопје, Дебар, Тетово и Кавадарци на кои младите и останатите засегнати страни разговараа за мерките и можностите за подобрување за вработување на младите, ефектот од активните политики на Владата и Агенцијата за вработување на Македонија, и дадоа свои препораки за подобрување на процесот на вработување на младите во периодот по завршувањето на образовните процеси. На средбите кои беа оддржани се дискутираше и за активните мерки и алатки за младинско вработување на ЕУ, како добри практики кои би биле применливи во Македонија. Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р. Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 28 членки.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми