26 Декември, 2024
0.0335

Профити поголеми од 100.000 евра: Кои битолски хотели прават пари!?

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Шест битолски хотелски компании оствариле приходи поголеми од 100.000 евра и при тоа оствариле добивки од работењето. Очекувано најголеми се „Епинал“ и „Миленум Палас“

Битола е најголемиот град во југозападна Македонија. Распослан на границата со соседна Грција, град на поранешните индустриски гиганти, и град во чија близина се наоѓа најголемата централа за производство на струја. Битола, најградскиот град во Македонија, Градот на конзулите кој пред повеќе од стотина години бил поважен центар од Скопје во таа констелација на односите. Град кој и денеска плени со својата архитектура и културна ризница.

Колку туристи има во Битола и колку пари тие прават од продажба на хотелски и угостителски услуги? „Фактор“ ќе се обиде да ви долови, почитувани читатели, низ презнетација на бројките на најуспешните битолски хотели во 2018 година (тие се најактуелни податоци зашто уште нема понови).
Споредбата покажува дека три битолски компании регистрирани за дејностите хотели и слични објекти за сместување во 2018 година оствариле профити поголеми од 100.000 евра.

Убедливо прв е битолскиот хотелски бренд број еден - Хотел „Епинал“ Негов сопственик е фирмата „Македонија“ ДОО со приход од 1,8 милиони евра и добивка од 264.000 евра. Профитот е 14,7 отсто од остварените приходи. Сопственици се : Трајан Масалкоски, Огњан Циговски, Боне Кочишки и фирмите К.А.К и АД Македонија Битола. Ова е битолскиот хотел со убедливо најголем приход и најголема добивка во апсолутни вредности.

На втората позиција е Хотел „Милениум Палас“ – фирмата е „Динамика“ сопственост на Димче Ѓероски. Бројките подажуваат дека во 2018 година приходот на оваа компанија е 763.000 евра, а профитот е 131.000 евра. Од аспект на учеството на профитот во приходите хотелот „Милениум Палас“ е за нијанса поуспешен од најголемиот битолски хотел „Епинал“.

Трета во битолската конкуренција е хотелиерската компанија „Генерал Лорд“ регистрирана за дејноста хотели и слични објекти за сместување сопственост на Роберт Кавалиновски. Во 2018 година оваа компанија остварила приход од 675.500 евра и профит од 104.500 евра. Нејзината профитна маргина е 15, 5отсто – учество на профитот во приходите.

Компанијата „Шумски фенери“ го поседува и управува со истоимениот хотел во село Трново во близина на најстариот македонски национален парк „Пелистер“. Приходот во 2018 година бил 275.400 евра, а добивката е 12.200 евра.

Следува хотел „Бела куќа“ сопственост на фирмата МИ-ЈА ДООЕЛ. Во 2018 година ова друштво, сопственост на Миле Јанчевски, остварило приход од 217.000 евра и добивка од 9.000 евра.

Хотел „Театар“ е сопственост на компанијата „Омниа Проект“. Приходот на компанијата е 120.000 евра, а добивката е 840 евра. Сопственички се Софија Ристевска и Гордана Ристевска – Димитровска.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал