19 Декември, 2025
0.0409

Прогласени победниците на блог натпреварот „Кажи Нешто“

Објавено во: Мои пари 11 Мај, 2014 15:09

Добивај вести на Viber

На 10 мај, сабота, во Младинскиот Културен Центар – Скопје, се одржа завршниот настан од блог натпреварот „Кажи нешто“ во организација на Здружението на граѓани ОХО под покровителство на Фондацијата е-Македонија, наменет за ученици од средните училишта во Република Македонија. Натпреварот „Кажи нешто“ покажа дека во Македонија постојат голем број на креативни млади кои имаат желба да се изразат на интернет просторот на различни теми, и тоа да го споделуваат со интернет заедницата. Можност на блог да го искажат своето мислење, да дебатираат, да се едуцираат, да разменуваат искуства и да ги развиваат своите потенцијали. Заклучокот на жирото е дека доколку на младите им се даде шанса, тие можат со своите размислувања да влијаат на јавното мислење, да бидат активни партиципанти во јавниот живот и да придонесуваат кон поттикнување на креативните потенцијали на сите останати. Блогот е можност за искажување на различно мислење, за слобода на изразувањето, во една поинаква форма, според инспирацијата на секој поединец. На настанот Радмила Јонческа, директор на Фондацијата е-Македонија ја објави одлуката на петочленото жири во состав:  Антонио Николоски – Фондација е-Македонија, Дарко Булдиоски – Newmedia, Дејан Трајкоски – новинар во дневниот весник Вечер, Јасмина А. Чашуле – проектен координатор на Кажи Нешто. Првонаграден е блогот AppLand од гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци, на Митко Ѓорѓиевски, Ѓорѓи Белевски, Крсте Тодоров, Душко Клинчаров и Горан Митров. http://appland.dobridaskalov.edu.mk Жирито одлучи дека наместо второ и трето место, ќе додели две втори места на Capturing chapters на Милка Манева и Марија Кариланова од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес http://capturingchapters.tumblr.com/и  блогот „Твое време“ на Ивана Карова од гимназијата „Гошо Викентиев" од Кочани. http://tvoevreme.blogspot.com/ На настанот учествуваа преку 200 ученици и наставници од цела Македонија, кои изминативе 5 месеци активно работеа на своите блогови. Првиот дел од настанот беше исполнет со пет дискусии на тема:  Онлајн уметност,  Социјални медиуми,  Како да преживее вашиот бренд онлајн,  Дигитална писменост,  Rock n Roll, Blog n Troll. Во вториот дел, музичката група Пеперминт ги забавуваше сите присутни на платото пред МКЦ. Натпреварот во блогирање за сите средношколци  „Кажи нешто“ почна на 24 декември и траеше до 30 април, 2014 година и имаше за цел да ги поттикне младите луѓе во Македонија да ги употребуваат новите информатички технологии на практичен начин и да се изразат креативно преку музика, видео, фотографија или пишување.

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА