27 Ноември, 2024
0.0488

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка вчера организираше прослава по повод 20 годишното постоење на македонскиот пазар. Во прекрасниот простор на ПроКредит Академијата на Велешко Езеро со над 850 гости, менаџерскиот тим на Банката беше домаќин на своите клиенти, видни личности од македонската банкарска индустрија, партнери и медиуми, меѓу кои и гувернерката на Народна банка на РСМ Анита Ангеловска-Бежоска и германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер.

Прославата беше одлична можност за потсетување на почетоците. ПроКредит отсекогаш била развојно ориентирана банка, фокусирана на поддршка на мали и средни претпријатија, дигитализација и иновација, како и застапник на одговорно работење и негување вистински вредности. Изминатите 20 години Банката успеа да даде значаен придонес кон развој на локалната економија, поддршка на извозот и креирање на нови работни места.

Во изминатите 20 години постигнавме исклучителни резултати. ПроКредит банка поддржа над 4.000 македонски компании и денесе еден од главните играчи во македонскиот банкарски сектор, со кредитно портфолио од речиси половина милијарда евра, од кои 90% се кредити за поддршка на бизниси и пазарен удел од 15% во сегментот мали и средни претпријатија. Сето ова ни дозволува да си поставиме амбициозни очекувања и за во иднина.“, истакна пред присутните, претседателот на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка, Јованка Јолеска Поповска.

ПроКредит Банка се издвојува на македонскиот пазар како пионер во дигитализацијата на банкарството, почнувајќи од 2015та со отворање на зоните 24/7 преку замената на класичните банкарски филијали и воведување на дигитална платформа за кредитните и административните барања на клиентите, па се до иновација, промоција и поддршка на дигиталната еволуција кај малите и средни компании, кои се нивни најбројни клиенти.

“Горда сум на тимот  на посветени и силни професионалци со високи етички вредности, вредни, упорни, со  висок степен на одговорност и личен интегритет кои неуморно работеа на поставување на нови, повисоки стандарди во банкарството, висок квалитет на услуги и  висока професионалност. ПроKредит банка 20 години претставува пример за одговорност, но тука не застануваме.Продолжуваме со нашата мисија да обезбедиме одговорни и одржливи финансиски услуги кои придонесуваат за развој на домашната економија, општеството и животната средина, нудејќи иновативни дигитални решенија и промоција на енергетска ефикасност”, заклучи во своето излагање Јолеска Поповска.

Корпоративната прослава по повод 20 години раст и успех е само дел од роденденската кампања на ПроКредит Банка. Под слоганот „Пример за одговорност“, преку лични примери Банката креираше кампања која покажува дека општествената одговорноста не подразбира само донација, туку е систематизиран принцип на работа кој опфаќа низа одговорни практики со кои се инвестира во подобра иднина за сите.

пр објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции