19 Декември, 2025
0.0675

ПроКредит – банка со „чувство“ за бизнисот

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2014 10:41

Добивај вести на Viber

Работејќи дирекно со малите и средни бизниси,  ПроКредит банка во 2013 забележа раздвижување на бизнис динамиката кај поретпријатијата: зголемување на производството, побарувачката и размената, но сепак предизвици околу ликвидноста и одложени рокови за плаќање. Во вакви услови, бизнисите бараат поддршка во воведувањето новини, настап на странски пазари, проекти за зголемување на продуктивноста и намалување на трошоци, премостување на ликвидносни застои  и флексибилност за искористување на добри бизнис можности. Затоа ПроКредит банка нуди прилагодени услуги за поддршка на енергетско ефикасни инвестиции, извоз, домашно производство, земјоделие и органско производство.Со таквиот пристап вкупното кредитно портфолио на банката достигна 205 милиони евра т.е. забележа  раст од 9,9% споредено со 2012 г. (растот на ниво на банкарскиот сектор во Македонија во 2013 г. изнесуваше 6,42%). Преку постојани акции за поттикнување на културата за штедење и флексибилни услови за штедачите, депозитната база порасна за 12,9%, додека профитот изнесуваше 2,8 милиони евра. „Со спроведување на специфична кредитна технологија со која кредитите кои ги исплаќаме соодведствуваат со кредитниот капацитет на секој клиент, процентот на кредити во доцнење изнесуваше  2,59%, далеку под нивото на банкарскиот сектор од 11,51 %.Како резултат на тоа, меѓународната агенција ,,Fitch Rating” ја зголеми оценка за индивидуалната кредитна способност од “b” na “b+” и  го задржа општиот рејтинг на ПроКредит Банка од ББ+“, соопштија од банката. И во 2014 ПроКредит Банка останува банка со ‘’чувство’’ за бизнисот и  иновативна услуга како олеснување на секојдневните операции на клиентите. Клиентите ќе добијат повеќе од банкарска услуга: регионални и локални бизнис партнерства, совет од специјализиран кадар, сигурност и кредибилитет гарантиран од германски акционери.  За претпријатијата нудиме подобрени кредитни услови прилагодливи на динамиката на работењето, пофлексибилно обезбедување и електронски услуги. Граѓаните ќе можат да ги финансираат своите инвестиции за нов дом и енергетски ефикасно реновирање со најконкурентни каматни стапки, најавуваат од оваа банка.

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА