19 Декември, 2025
0.0948

„Прошетка со лавот“ неверојатна приказна за љубовта и животот, ексклузивна премиера на 15 ноември само за корисниците на МТЕЛ

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2022 15:37

Добивај вести на Viber

Со средба која што ќе резултира со експлозија со несогледливи последици почнува приказната за Светислав и Уна, невообичаена љубовна двојка срочена во новата хит серија „Прошетка со лавот“ чија регионална премиер вљубениците во добрите серии ќе може да ја следат ексклузивно од 15 ноември преку мобилната апликацијата mPLAY TV на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ.

Припејд корисниците на mSTART сим-картичките на МТЕЛ ќе имаат можност да уживаат во исклучително забавна, а понекогаш и откачена серија за романсата меѓу  неуспешниот режисер Светислав и телевизиската водителка Уна, уште на 15 ноември далеку пред останатата публика.

 „Прошетка со лавот“ ни ја раскажува средбата на два различни света, на две човечки суштества кои што духовно тешко дека може да бидат оддалечени еден од друг и кои судбината вешто наоѓа начин да ги соедини. Светислав Бату Крстиќ е помалку интровертен, но многу образован, неуспешен режисер чии интервју го снима нереално популарна, но исклучително површна телевизиска водителка  Уна Лазаревиќ. Нивната средба ќе резултира со експлозија со несогледливи последици.

Креаторите „Прошетка со лавот“ ја опишуваат и како црнохумористична серија, понекогаш преполна со иронија. Но, „Прошетка со лавот“  е повеќе од серија за една љубовна двојка, тaа е потрага по љубов, трагање по смисла и духовност, показател колку животот без овие вредности всушност е празен и промашен.

Низ 10 епизоди ги следиме подемите и падовите на Светислав и Уна, со посебен акцент на коренитата промена низ која што ќе минуваат. Првите пет епизоди ќе бидат објавени на 15 ноември, додека вторите пет на 28 ноември и корисниците на МТЕЛ во Македонија ќе бидат почестени со премиера дури и пред останата публика која што ќе ја чека премиерата на серијата на Суперстар ТВ каналот на 10 декември.

Улогите ги толкува неверојатно добра актерска екипа која што ја сочинуваат Андрија Кузмановиќ (Светислав), Анџелка Прпишќ (Уна), Андреј Шепетковски, кој го потпишува и сценариото за серијата, Бане Видаковиќ, Тихомир Станиќ, Бранка Пујиќ, Андрија Милошевиќ, Милјана Гавриловиќ, Слободан Чустиќ, Марко Чверо, Јован Јовановиќ, Стефан Бундало. Режијата е на Филип Чоловиќ.

Пристап од mPLAY TV како и Balkan Myusic апликацијата добивате со mSTART 14 и редовно дополнување кредит од најмалку 299 денари месечно. Со mSTART 20, првиот месец добивате бесплатен пристап до апликациите, а од следниот месец со редовно дополнување кредит од најмалку 299 денари месечно. Двете апликации исто така ги добивате со претплатнички договор за тарифниот модел mCONNECT L и за пакетот mBOX Trio Max.

Пр текст

Можеби ќе ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“