05 Јули, 2024
0.0323

ПРОТЕСТИ НА 1 МАЈ: “Не бидете опуштени за да не бидете отпуштени“

Објавено во: Економија 27 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Додека во најголемиот синдикат ССМ се спроведува избор на нов претседател, дел од гранковите сидикати, заедно со неколку невладини и граѓански организации одлучија да организираат масовен првомајски протест. Паралено со оваа одлука, раководството на ССМ предводено од актуелниот претседател Живко Митревски најви дека ќе организира “Марш на солидарност“. Кој и зошто ќе протестира и зошто во редовите на најголемиот синдикат има незадоволство? Кој и зошто ќе протестира... Новите законски решенија за администрација и за судство се клучната причина за мобилизација на членството на еден од најголемите сидикати на УПОЗ. Од таму соопштуваат дека има големо незадоволство поради новите решенија, кој веќе стапија на сила во февруари, а со кои се предвидуваат нови критериуми, кои според синдикатот, го зголемуваат пристисокот врз вработените во администрацијата и судството. “Со почетокот на оваа година, започна примената на новиот Закон за административни службеници и Законот за судска служба. Рестриктивните одредби кои ги имаат овие два закона предизвикаа огромен револт кај вработените во администрацијата и во судската служба и се погласни се повиците за бојкот, протести и штрајк“, соопштуваат од УПОЗ. Првиот човек на овој сидикат, Пеце Грујовски во емисијата “Тренд“ на 24 Вести изјави  дека токму овие два закони содржат бројни решенија кои не само што не можат да се применат, туку се и нелогични, како она дека 5% од вработените во администрацијата мора да бидат казнети, а од друга страна пак законот не превидува оценување на работата, на пример, на раководителите. “Со новиот закон за администрација, со една негативна оцека ќе се изгуби работносто место, тоа го нема никаде. На ваков начин се остава можност за субјективно оценување со што го ставаат работникот во една зависност“ – вели Грујовски од УПОЗ. Протестите на 1 мај ќе бидат организирани под мотото “Не бидете опушени зошто можете да бидете отпушени“. Освен Синдикатот на УПОЗ, протестите ќе бидат поддржани и од други сидикати, меѓу кои Самостојниот синдикат на новинари, Синдикатот на култура, Конфедерација на синдикални организации, Сидикат на дипломатската служба, како и неколку невладини организации како левичарското задружение “Ленка“ и “Солидарност“. moto “Во време кога има огромно социјално незадоволство, кога низ помалите градови се штрајкува, раководството на ССМ повеќе е преокупирано со нестатутарно избирање и зачувување на привилегиите, отколку со вистински интерес за решавање на работничките права. Па така, во очи на 1 Мај тие остануваат глуви и за сoцијалните и за работничките проблеми и за престојниот протест“, вели Дејан Лутовски од движењето „Ленка“. Потписниците на Повелбата за солидарност сметаат дека причина за незадоволство има а таа, меѓудргото, се лоцира и експресните измени на законските решенија кои директно ги засегаат работничките права и често се на нивна штета. „Работничките права се кршат секојдневно, невработените се бришат од евиденција наместо да им се најде работа, класните разлики станаа највисоки во Европа, власта целосно ја деградира социјалната држава, а политичките елити манипулираат и го ограбуваат народот“, соопштија од Повелбата. Додека дел од сидикатите се обединуваат под заедничко мото за првомајскиот протест, раководството на ССМ, заедно со дел од гранковите сидикати ќе организираат “Марш на солидарност“. Оваа одлука се носи во период кога ССМ бира нов претседател. По минатонеделната седница на Советот на ССМ, како единствен кандидат за нов петгодишен мандат,  е сегашниот синдикален лидер Живко Митревски. Дел од синдиклаците оценија дека неговата кандидатура е спорна и дека единствениот конкурент е елиминиран без основа. Од ССМ велат дека како најголем успех за работниците е утврдувањето на минималната плата, законската обврска за исплата на К15 и Законот за мобинг. Лани, ССМ на чело со претседателот Митревски организираше собир по повод Први мај на кој ја прмовираше кампањата “За сигурни и безбедни работни места“, на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Годинава пак, додека дел од ССМ ќе маршира за солидарност, по друга маршрута, останатите сидикати ќе организираат протести. “Протестот ќе се одржи во Скопје, а се планира да има организиран превоз од Штип, Куманово, Струмица, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар, Тетово и Велес„, информираат од УПОЗ. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан