Прва академија за пиво во Македонија
Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2014 18:47
На предавањето присуствуваа голем број на гости, сопственици на угостителски објекти кои се едуцираа во овој дел неопходен за нивната секојдневна работа. Предавањето го водеше германскиот експерт за пиво и светски познатиот пивски сомелијер д-р Михаел Зепф.„Создавањето на оваа Академија беше долго планиран потег. Оваа година со одбележувањето на 90-годишнината на Прилепска Пиварница беше вистинска причина за да се започне со овој проект. Досега никој не се обидел да навлезе во едукативниот карактер за пивото, каков е процесот на производство, што треба да се знае да се оцени квалитетот на пивото или кои карактеристики се ценат кај пивото. Оваа Академија во текот на годините што следат ќе ја има токму оваа едукативна компонента“, изјави Сашко Самарџиоски, генерален менаџер на Прилепска Пиварница.
„Пивото како пијалак само по себе е фасцинантно. Бара вистинска посветеност и во изработката а секако и во уживањето. ИмаМихаел Зепф е пивски експерт од светски ранг. Доктор по пиварство, член на управниот одбор на Доменс академија (меѓународно активна организација за едукација и консултација за пиварство, пијалаци и храна) и одговорен за активностите на Светската пивска академија во Европа. По предавањето следеше дегустација на пивски брендови, а потоа и запознавање со процесот на производство на Златен Даб како и посета на Прилепска пиварница. Сите гости по завршувањето на посетата на пиварницата добија сертификати од Академијата за пиво.премногу интересни факти за производниот процес, параметри што го одредуваат квалитетот на пивото и здравствени бенефити кога се консумира одговорно. Ја поздравувам идејата на Прилепска пиварница за отворање на Академија за пиво, зашто тоа е единствен начин да се едуцираат сите љубители на пиво за тоа кои се неговите предности и зашто е добра негова редовна консумација“, изјави пивскиот експерт Михаел Зепф, предавач на Академијата.
Можеби ќе ве интересира
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА






