16 Декември, 2025
0.2009

Прва меѓународна конференција на Сеславјански Комитет

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2016 17:17

Добивај вести на Viber

Под името "ТАЈНИ НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ", во Охрид, од 23-ти до 27-ми мај, 2016-та, ќе се одржи Сесловенска меѓународна научна коференција на славјанската писменост, во организација на Сеславјански Комитет, а во соработка со Меѓународниот Славјански Универзитет "Гаврило Романович Державин", Свети Николе.

Покровител на Сесловенската меѓународна конференција 2016та, е Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов. Посветена на денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, 24-ти мај, а во чест на одбележување на 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, еден од основоположниците на словенската писменост, Сесловенскиот Комитет за прв пат одржува меѓународна конференција во Македонија, во Охрид – градот светилиште на словенската писменост и духовност. На конференцијата, како предавачи ќе земат учество професори по славистика и Богословија од Русија, Украина, Полска, Чешка, Словачка, Бугарија и Македонија - како земја домаќин. Покрај главната тема која е носител на името на оваа мегународната конференција - Тајни на словенската писменост, во рамките на конференцијата ќе се одржи седница на Сесловенскиот Комитет. Сесловенскиот Комитет е меѓународна невладина организација, член на Сесловенскиот Сојуз – светско движење на славјанските народи за духовно единство и взаемност. Основана е во 2011та година со седиште во Република Чешка. Претседател на Сесловенскиот Комитет е проф. д-р. Зденек Опатрил, кој е воедно и заменик-претседател на Сеславјанската асоцијација и почесен претседател на Чешко-моравската словенската унија.

„За нас е од исклучително значење што оваа конференција ќе ја одржиме во светата земја на словенската писменост и духовност", рече на пристигнувањето во Охрид престедателот на Сесловенскиот Комитет, д-р Зденек Опатрил, додавајќи". Морам да споделам дека со посебна чест и возбуда стапнуваме на оваа земја на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј и Свети Климент. Како славјански народи имаме обврска кон нив и кон идните генерации да ги чуваме и негуваме спецификите и богатствата на славјанската култура, а тука е пред се писменоста и духовноста. Овие денови не чека многу работа и сите се радуваме на сознанијата што ќе ги споделиме, а кои од научните кругови ќе ги збогатат и сознанијата на јавноста.

Можеби ќе ве интересира

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк