16 Декември, 2025
0.0559

(ФОТО) Публицис Македонија доби престижнa награда на Euro Effie Awards 2014

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2014 16:06

Добивај вести на Viber

Креативната и комуникациска стратегија “Одобрено од мајките” за брендот Аргета, креирана од креативниот тим на агенцијата Публицис Македонија, доби сребрена статуетка на интернационалниот Euro Effie Awards 2014, како една од најуспешните кампањи реализирани во Европа, според продажните резултати и создадената дополнителна вредност за брендот.

Проектот е заеднички со Публицис Словенија која беше и регионален координатор при реализацијата на медиумските и ПР активности на оваа кампања.

Наградата е добиена во конкуренција на кампањи од цела европа, а во потесниот финален избор се најдоа 44 интернационални кампањи, од 34 различни адвертајзинг агенции од 11 европски земји. Меѓу финалистите се најдоа 34 кампањи од Германија, 7 од Обединетото Кралство, 4 од Франција, како и кампањи од агенции од Италија, Холандија, Латвија, Полска, Шведска, Швајцарија и САД.

Наградата на креативниот тим на Публицис Македонија и беше доделена вчера на свечената гала вечер која се одржа во Брисел. “Горда сум на мојот тим кој уште еднаш покажа извонредна мотивираност, визија и креативен потенцијал потврдувајќи дека е еден од најдобрите регионални креативни тимови во рекламната индустрија. Покажавме дека можеме да креираме кампања која ги надминува границите на Македонија. Кампањата за Аргета беше успешно имплементирана во 6 различни земји, овозможувајќи исклучителни продажни резултати за клиентот, изјави Александра Дилевска Симова, извршен директор на Публицис Македонија.

Да се работи на регионален креативен проект паралелно со креативни тимови од повеќе земји беше вистински предизвик. Целта беше да се одбере коминукација која ќе биде мотивирачка, едукативна и емотивна, а истовремено ефикасна. Довербата која ја имавме во Аргета, не охрабри да инволвираме вистински мајки во проектот, да им овозможиме реални искуства со брендот и преку нивните впечатоци да го потврдиме квалитетот на брендот Аргета, дополнително изјави Василие Чорлука, креативен директор во Публицис Македонија.

Проектите се оценуваа според нивната креативност, и пред сѐ според ефикасноста на комуникацискиот концепт, односно колку тој создава дополнителна вредност за брендот и остварува позитивна комуникација со потрошувачите. Euro Effie Awards е единствениот фестивал во светот каде награда се добива не само за креативност туку пред сѐ за ефикасноста на кампањата, односно колку таа создава позитивна диференцијација за брендот, и му овозможува да се развива.

Euro Effies е организиран од Европската асоцијација на комуникациски агенции, во партнерство со Euronews и поддршка на The European Publishers’ Council, TIME & Fortune magazines и други реномирани медиуми и компании во светот.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив