01 Ноември, 2024
0.0258

„ПУЦКО ПЕТРОЛ“ РЕГИСТРИРА ПОДРУЖНИЦА ВО КИСЕЛА ВОДА - од компанијата велат дека тоа се стари складишта кои ги имале од поодамна

Објавено во: Економија 13 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Компанијата од нафтениот бизнис „Пуцко петрол“ регистрира подружница во Кисела Вода, која ќе работи во форма на складиште на големо, наменето за трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.

Ова информација може да се види од Централниот регистар, каде што е регистрирана подружницата на компанијта.

Фактор ја праша компанијата зошто се регистрира ова складиште, колкаво ќе биде, која е прецизната локација, и дали неговата регистрација има врска со големата енергетска криза во земјава, па заради тоа компанијата го проширува обемот на работење.

Од „Пуцко петрол“ не сакаат многу да зборуваат на оваа тема, со образложение дека станувало збор за стари складишта кои компанијата ги има од поодамна, и затоа нема што тука ново да и се соопшти на јавноста во врска со нив. Но, немаше прецизен одговор на нашето прашање зошто токму сега те се регистрирала таа подружница.

Инаку, како што е наведено во објавата во Централниот регистар, друштвото за трговија, производство и услуги „Пуцко петрол“ од село Пласница, донело одлука за организирање на подружница на 7 септември оваа година, што значи пред само неколку дена.

Како вид на промена всушност се регистрира промена кај подружницата, за која се наведува дека е склад на големо, за трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.

Складиштето се наоѓа на улицата „Првомајска“, стои во објавата.

Како овластено лице на подружницата, пак, е именувана Божанка Грозданова, која е економист, се наведува во објавата.

Останува во наредниот период да се види како ќе функционира подружницата на „Пуцко петрол“.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈСКАПАТА НЕДВИЖНИНА Е ВО ЕВРОПА, СТАВЕНА Е НА ПРОДАЖБА: Ова се петте најскапи имоти кои се продаваат

НАЈСКАПАТА НЕДВИЖНИНА Е ВО ЕВРОПА, СТАВЕНА Е НА ПРОДАЖБА: Ова се петте најскапи имоти кои се продаваат

Владата се согласила да им плати на банките за администрирањето на унгарскиот кредит од 250 милиони евра

Владата се согласила да им плати на банките за администрирањето на унгарскиот кредит од 250 милиони евра

За пензии во буџетот следната година 276 милиони евра повеќе

За пензии во буџетот следната година 276 милиони евра повеќе

ОСТРИ КРИТИКИ ОД ЕК ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ И ДРЖАВНАТА ПОМОШ - Фајненс тинк со осврт на забелешките од извештајот

ОСТРИ КРИТИКИ ОД ЕК ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ И ДРЖАВНАТА ПОМОШ - Фајненс тинк со осврт на забелешките од извештајот

МЕРКАТА ЗАВРШИ, ТРГОВЦИТЕ НА ПОТЕГ - Мицкоски најави жестока битка со нив за да го заштити стандардот на граѓаните

МЕРКАТА ЗАВРШИ, ТРГОВЦИТЕ НА ПОТЕГ - Мицкоски најави жестока битка со нив за да го заштити стандардот на граѓаните

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 2025 ГОДИНА - Шест од 10 вработени посакуваат нова работа, газдите да не си мислат само на профитот

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 2025 ГОДИНА - Шест од 10 вработени посакуваат нова работа, газдите да не си мислат само на профитот

ПРВА ЖРТВА НА КРИЗАТА НА ФОЛКСВАГЕН: Германскиот концерн Бош отпушта седум илјади работници

ПРВА ЖРТВА НА КРИЗАТА НА ФОЛКСВАГЕН: Германскиот концерн Бош отпушта седум илјади работници

МАКЕДОНЦИТЕ „НАГАЗИЛЕ“ НА КУПУВАЊЕ НОВИ КОЛИ, А ПРОФИТОТ „НАГРНА“ НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - еве како се зголемува добивката за 46 проценти

МАКЕДОНЦИТЕ „НАГАЗИЛЕ“ НА КУПУВАЊЕ НОВИ КОЛИ, А ПРОФИТОТ „НАГРНА“ НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - еве како се зголемува добивката за 46 проценти

БЛАГИТЕ ЗИМИ НОСАТ ПРОМЕНИ ВО НАВИКИТЕ: Тешко се продаваат дебели капути, јакни, но и длабоките чизми заостануваат

БЛАГИТЕ ЗИМИ НОСАТ ПРОМЕНИ ВО НАВИКИТЕ: Тешко се продаваат дебели капути, јакни, но и длабоките чизми заостануваат