ПУСТА СИРОМАШТИЈА: Работникот спасен, сакал да скокне оти немал пари да го издржува семејството
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2015
Благодарение на припадници на Единицата за брза интервенција – АЛФИ работникот за кој пред малку пишавме дека сакал да скокне од зграда на улица Македнонија е спасен.
Според медиумите се работи за четириесет и двегодишен маж од Скопје кој се качил на скеле кое било прикачено на зградата над „Мекиците на стража“ и сакал да скокне.
Целиот настан се одвивал после 12.20 часот и веднаш после интервенцијата човекот е пренесен во болница бидејќи е констатирано дека бил во алкохолизирана состојба.
Според очевидци кои се затекнале на местото на настанот човекот се жалел на сиромаштија. Велел дека не му е исплатена социјална помош и немал како да го прехрани семејството.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/bGhnplzZN-c[/embed] Видеото е земено од А1 он, Фотографијата од Сител