ПУТИН: Руската армија втор ден се бори со силите на Украина во Курск
Објавено во: Свет 07 Август, 2024
Според рускиот претседател Владимир Путин, украинскиот напад на Курск е сериозна провокација.
Путин денеска соопшти дека руската армија втор ден се бори со силите на Украина кои ја нападнаа југозападната руска погранична провинција Курск.
Министерството за одбрана вчера објави дека до 300 украински војници со 11 тенкови и повеќе од 20 други оклопни борбени возила преминале во Русија и претрпеле големи загуби, а Украина не коментираше за тоа. Путин го нарече упадот на украинските сили преку границата „провокација од големи размери“ и најави средба со раководството на Армијата и полицијата.
„Киевскиот режим презеде уште една голема провокација и започна неселективно гранатирање на цивилни згради, станбени куќи и амбулантни возила со различно оружје“, рече Путин. Шефот на Курската област ги повика жителите да даруваат крв бидејќи има повредени. Границата на Курската област со Украина е долга 245 километри. Тоа им овозможува на диверзантските групи да извршат брзи упади и да заземат дел од теренот пред Русија да распореди засилување.
Руската инвазија на Украина почна пред две и пол години. Иако се очекуваше дека Украина брзо ќе капитулира, сепак тоа не се случи.
foto EPA