РАМА ЖАЛИ ШТО МАКЕДОНИЈА ЗАОСТАНА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ: Историјата не може да биде причина за запирање на пристапните преговори
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2024
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека жали што неговата земја почна преговори со Европската Унија(ЕУ), а Македонија не.
Тој вели дека Македонија била понижена. Според него, со оваа одлука за раздвојување се прави штета на регионот и на народов. Рама изјави и дека Македонија беше пред 20 години неспорно ориентирана кон западната евроатлантска заедница, а сега работите се менуваат.
„Тажен сум што нашите браќа од Македонија не може да влезат во фазата од преговорите во кои сега е Албанија, иако беше меѓу првите, ако не и прва, што го почна овој процес меѓу државите во регионот. Па кога зборувам за нашите понижувања затоа што трипати по ред бевме одбивани за почеток на пристапните преговори, тогаш се чувствувам некако засрамено затоа што морам да помислам на понижувањата на Северна Македонија. Тие го сменија името и за да можат да започнат преговори. Историјата не може да биде причина за запирање на пристапните преговори за која било земја“, рече Рама.
Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто вели дека идеална ситуација би била доколку Македонија и Босна и Херцеговина(БиХ) одржат меѓувладини конференции за старт на преговорите со ЕУ до крајот на годината.
Во земјава, од СДСМ велат дека тоа што Албанија почна преговори, а Македонија не, е голем пораз за премиерот Христијан Мицкоски.
Македонија доби статус на земја кандидат за ЕУ во 2005 година. Пречка на европскиот пат прво беше Франција, а потоа Бугарија го блокираше европскиот пат на Македонија. Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во Берлин рече дека понатамошниот евроинтегративен процес на Македонија ќе продолжи само со едногласна одлука на земјите членки на ЕУ.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.