22 Мај, 2024
0.0300

РАСТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ: Јадеме ли поскапа храна?

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Се зголемуваат трошоците за живот во Македонија. 

Индексот на трошоците на животот во октомври 2018 година, во споредба со октомври 2017 година, забележа пораст од 1.5 %, а индексот на цените на мало забележа раст за 2.7 %.

Oва го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2018 година, во споредба со претходниот месец, има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 4.3 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 1.8 %, замрзнатото овошје за 1.1 %, другите прехранбени производи за 0.8 %, рибата и морските плодови за 0.7 %, трбушките, јогуртот за 0.5 %, конзервираното овошје за 0.4 %, лебот и житата и алкохолните пијалаци за 0.2 %.

Во октомври пораст на индексите на трошоците на животот имало и кај гасот за домаќинствата за 6.6 %, течните горива за домаќинствата за 6.0 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4.4 %, обувките, услугите за сместување за 2.7 %, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 1.4 %, туристичките пакет-аранжмани за 1.1 %, лековите за 0.8 %, облеката за 0.7 %, цврстите горива за 0.5 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0.4 %, услугите за култура за 0.3 %, другите медицински производи, информатичката опрема, накитот и часовниците за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2018 година, во споредба со претходниот месец, е регистриран кај свежото и разладеното овошје за 6.0 %. Кај сувото овошје и јаткастите производи има намалување за 3.5 %, маслото и маснотиите зa 1.8 %, другите преработки од месо за 0.5 %, месото, сирењето и урдата за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај средствата за чистење и одржување на станот за 1.4 %, телефон и телефакс-опремата за 1.3 %, авионскиот превоз на патници за 1.1 %, парамедицинските услуги за 0.9 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, домашните миленици и сродни производи за 0.4 % и големите електрични апарати за домаќинствата за 0.3 %. 

Можеби ќе ве интересира

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции