22 Декември, 2024
0.0291

„РАСТУРИЛЕ“ ОД ПАРИ И ОДЛИЧЕН ПРОФИТ, ИАКО И ДОСТА ТРОШЕЛЕ - како јавното претпријатие Државни патишта направи добивка од 25 милиони евра

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Како им успеало не се знае, ама Јавното претпријатие за државни патишта остварило фантастична добивка во првите шест месеци од годинава, или близу 25 милиони евра за едно полугодие.

Калкулаторот на Министерството за финансии, кое на секој квартал презентира анализа на финансиските резултати на јавните претпријатија и државните акционерски друштва, покажал дека во првите две тримесечја од годинава ЈПДП оствариле вкупни приходи од фантастични 45,8 милиони евра, додека, пак, нивните расходи биле повеќе од двојно помали, и изнесувале 20,9 милиони евра. Таа разлика всушност го прави одличниот профит од 24,9 милиони евра, покажуваат податоците на Финансии.

ЈПДП, кое управува со државните патишта во земјава, но и се задолжува и инвестира во изградба на патишта, врши и наплата на патарините, односно кај него се слеваат надоместоците за користење на јавните патишта во земјава.

Очигледно дека во првата половина од годинава многу се патувало во земјава, што било причина да се инкасираат одлични приходи од нивната наплата. Во тоа претпријатие се слеваат и државните пари кои потоа одат за плаќање на патиштата. Додека, пак, за задолжувањето што го прави претпријатието, гарантира државата.

Фактор неодамна објави дека, споед новиот извештај за работата на ЈП „Државни патишта за 2022  година, до крајот на минатата година веќе биле потрошени околу 450 милиони евра за автопатот Кичево-Охрид. 

„Вкупно реализирано 447.383.985 евра (заклучно со 62-та ситуација), што изнесува 66 отсто во однос на 598.074.670 евра“, запишано е во отчетот на јавното претпријатие.

До 1 јули за оваа година за реализација на автопатската делница Кичево - Охрид финансирана од кинеската Ексим Банка потрошени се 1,006 милијарди денари, или само 16,36 милиони евра, стои дополнително во полугодишниот извештај на ЈПДП за првата половина од 2023, пишуваш на почетокот на овој месец Фактор.

ЈПДП за првото полугодие е најдоброто државно претпријатие според финансискиот резултат.

Повеќе од одлично му одело и на МЕПСО, АД за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост. Ова друштво во првото полугодие остварило одлична добивка од 7,3 милиони евра за шест месеци, со што се најде на втората позиција.

Затоа, пак, државните електрани кои ја произведуваат струјата, имале многу помала добивка, за дури 10 пати, остварувајќи само 733 илјади евра профит во првите шест месеци од годинава.

Инаку, на трето место според профитабилноста, се најде Државна Лотарија на Македонија, чија добивка во првото полугодие изнесувала 4,34 милиони евра.

Зачудувачки, но следува АД Железници Транспорт, кои се најголем должник во земјава, а што е уште позачудувачки, нивниот профит во првите шест месеци е безмалку 2 милиони евра.

По нив е М-НАВ, со добивка од 1,76 милиони евра, по кои иде националниот јавен сервис, ЈРП МРТВ, со добивка од сосема солидни 1,4 милиони евра за првите шест месеци.

Но, не им одело на сите добро во првото полугодие.

Најлошо всушност му било на ЈП Железници Инфраструктура, исто така страшен државен должник, и кој за разлика од својот „брат“ кој е профитабилен, има огромна загуба од 2,1 милиони евра.

Воопшто подобри не се ни ЈП Национални шуми, кои за шест месеци „натепале“ огромен минус од 1,8 милиони евра.

Со огромна загуба од близу 900 илјади евра следува ЈП Стрежево, а по него следува АД Водостопанство, со загуба од 645 илјади евра.

Воопшто не се „цвеќе за мирисање“ ни АД Пошта, со загуба од 280 илјади евра за шест месеци, која деновиве само еден вработен ја украде со 50 илјади евра.

По ланската одлична година, во која направи и одличен профит за 1,3 милиони евра, ТЕЦ Неготино во првите шест месеци од годинава има минус од 247 илјади евра.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА МЛАДИТЕ ЗА КРЕДИТ ЗА СТАН ВО СРБИЈА, ВУЧИЌ ГИ ОТКРИ ДЕТАЛИТЕ - до недвижност ќе можат да дојдат и студентите и невработените

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА МЛАДИТЕ ЗА КРЕДИТ ЗА СТАН ВО СРБИЈА, ВУЧИЌ ГИ ОТКРИ ДЕТАЛИТЕ - до недвижност ќе можат да дојдат и студентите и невработените

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?