04 Октомври, 2024
0.2649

РЕПОРТАЖА ГРЦИЈА: Летен шпиц – лански цени за повеќе туристи!

Објавено во: Економија 11 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Ако пред две години во кафетеријата “Терапи“, лоцирана во Полихроно, едно од популарните места на привиот крак Халкидики, се чекаше ред за да се седне на маса и да се изеде порција вкусен сладолед, годинава, можеше да дојдете до слободна маса во секое време од денот.

Оваа слика, во шпицот на летната сезона беше честа за дел и од останатите ресторани и таверни. Според изјавите на вработените во угостителството и трговијата, кризата во Грција годинава сериозно се почувствувала, со значаен пад на прометот. Дали годишниот одмор на грчките плажи,  за просечното македонско семејство годинава е поскап или поевтин? Какви цени понудија Грците, откако непосредно пред летниот шпиц се зголемија даноците?

[caption id="attachment_170058" align="aligncenter" width="618"]Полихроно Полихроно[/caption]

Има пари за гиро и нескафе – но дали има за луксуз?

“Апартани, апартмани ... апартмани ..“ – секое утро, на влезот од туристичкото место Полихроно,  повозрасен Грк со овие зборови ги пречекуваше туристите. Нудеше слободни апартмани во ек на летната сезона, последните денови од јули и почеокот на август. Да се најде слободен апартман, во деновите кога гужвата кулминира, според мештаните од ова место, е сигнал дека нешто не е како што било во претходните години.

“Пред три години заминав во Неа Потидеа, турстичко место на првиот крак. Цел ден не можев да најдам слободен трокреветен апартман. Одев од куќа во куќа, и ништо. Годинава се изненадив кога забележав дека се нудат слободни апартмани во ек на сезона“, вели една туристка од Македонија.

Од домашните туристички агенции посочуваат дека и покрај кризата во Грција, склучените аранжмани целосно се реализирани. Во мај дел од грчките хотелиери понудиле нешто повисоки цени за сместување, но цените во приватното сместување годинава, во однос на лани останале главно непроменети.

Со лански цени и на менијата, грците решија да ја истуркаат и оваа летна сезона, одлука која директно се одразила врз нивниот бизнис со оглед на тоа што неодамна, Грција ја зафати бран на поскапувања како резултат на зголемување на даноците и давачките во приватниот сектор.

11857752_10207476258086126_1008467643_n

Во кафитеријата “ Терапи“, лоцирана на самата плажа, односно шеталиште во Полихроно, пред две години вообичаено се бараше и се чекаше место повеќе за да се седне и да се изеде порција сладолед или палачинка, но годинава таму можеше во секое време да се најде слободна маса.

 “Со сигурност ви тврдам дека во оваа сезона во однос на лани прометот е намален за 30%. Сигурен сум во тоа. Прво,во однос на лани има помалку туристи и второ тие што доаѓаат помалку трошат“ - вели вработен од ова кафуле кое е познато по добриот вкус на сладоледите.

Најпосетувано место во текот на денот, се разбира освен плажите, се и гиро-рестораните. И таму се нудат речси исти цени како и лани. Едно гиро во Полихроно се продава за 2,2 евра. Нешто повиска е цената во Неа Потидеа каде чини 2,8 евра. Во овој распон се движат и цените на гирото во Ханиоти и Певкохори.

11851078_10207476268446385_604279892_n

На плажите, за две лежалки и еден чадор, не се плаќа, но затоа ќе бидете обврзани по човек да потрошите од 3,5 до 4 евра, што би значаело дека едно четиричлено семејство на некоја од грчките плажи дневно треба да плати најмалку 14 евра за да се сонча на лежалка.

Сино море, плажа и коктел – понуда за сечиј џеб ...

Браќата Танасис и Георгос веќе трета година по ред, како сопственици на “Таласа Ексклузив Плежар“,  познатиот кафе-ресторан во Полихроно, се обидуваат да го понудат најдоброто за своите гости. Местото е лоцирано на самото крајбрежје. Преку ден работи и кујната, а издаваат и лежалки на плажа. Преку ноќ, со понудата на коктели и добра музика, гостите знаат да останат до раните утрински часови. Амбиентот во кафетеријата е уникатен, сино и бело,  заедно со името “Таласа“, кое во превод значи “море“.

ТАЛАСА 1

ТАЛАСА 3

“Заедно со брат ми сме родени и пораснати во градот Касандриа кој е главен град на првиот крак Касандра, овде на Халкидики. Од пред три години почнавме да го работиме ова место. Сезоната ја почнуваме од март и завршуваме на први октомври. Во меѓувреме, живееме во Солун, тоа е периодот додека трае зимата. Годинава, и покрај тоа што се зголемија давачките, цените на нашата услуга останаа исти. Би кажал дека прометот е добар но секако зголемените давачки се одражија врз профитот. Најчесто гости ни доаѓаат од Србија, Македонија, Бугарија, односно од Балканот, но тука се и домашните туристи, грците, кои често имаат свои апартмани во овие туристички места“, објаснува Танасис Схоинас, еден од сопствениците на “Таласа Ексклузив Плежер“.

За разлика од ова место, кое вообичаено е дестинација за помладите, кои се подготвени да платат по 8 евра за коктел, трговците велат дека прометот во продавниците е намален дури за 40%. Околу 23 часот, навечер, кога шетелиштето е полно со туристи, забележавме како еден средновечен човек седи на столче пред својата продавница во која се продава облека, чевли, играчки.

Го прашав:

“Вие ли сте стопственик на оваа продавница? Зошто седите надвор од неа, има ли муштерии?“

Најпрво, љубопитно ме погледна, се изненади од прашањето, но не се воздржа и почна да зборува, попатно мафтајќи со раката:

“Годинава е една од најлошите години досега. Ако се навратам назад 10 години би кажал дека секоја следна година е се полоша од предходната, а особено оваа според мене е најлоша. Прометот е намален од 30 до 40%. Слична е состојбата и во Певкохори, малку е подобра во Ханиоти и во Калитеа, тоа се поголеми места и таму одат туристи со подлабок џеб. Вообичаено наши гости се србите и македонците,  додека пред 10 години летуваа туристи од и од Австрија, Англија  Германија. И тие туристи што се тука немаат голема куповна моќ. Оваа година има и многу помалку домашни туристи, доаѓаат само за викенд“ -вели сопстевникот на една продавница во Полихроно.

11846396_10207476263526262_1076881162_n

Обиколуваќи го местото во вечерните часови, можеше да се забележат полни, но и полупразни ресторани и таверни.

Порција тестенини се продава од осум до десет евра. Мусака можеше да се купи за 4 евра а околу 5 евра чинеше порција “македонска храна“. Точено мало пиво чини 3,5 евра, но затоа пак жестоките пијалаците се наплаќаа и по 8 евра.

И цените на цигарите останале непроменети во однос на лани.

“Не, цигарите не се поскапени, цените се исти како и ланските“ – ни рече продавачка во трафика наменета за продажба на цигари, бидејќи продавниците за храна, главно не продаваат цигари.

Оваа слика за дел од крајбрежјето на првиот крак  е само дел од целиот мозаик  за оваа летна сезона, но секако ја прикажува состојбата во оваа летна сеозна, во која Грците, и покрај кризата, вложија големи надежи. Туризмот во Грција е една од носечките стопански гранки која обезбедува приход од 11 милијарди евра. Годинава се очекува намалување за околу 10% поради неизвесноста што ја денесе вкупната криза.

А.К

Можеби ќе ве интересира

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија