Република Илинденска Македонија за Димитров е најсоодветен предлог
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2018 13:49
Шефот на дипломатијата Никола Димитров изјави дека не гледа посоодветен предлог за решавање на спорот од Република Илинденска Македонија
- Не гледам во моментов посоодветен предлог околу кој и двете преговарачки страни имаат согласнот за решавање на спорот, рече Димитров во емисијата „Печат на неделата на „1ТВ“.
Посочи дека Илинден го има во двете преамбули на Уставот и оти тоа се двата столба на нашата државност.
- Тешко е да си за Македонија, а да не си за Илинденска Македонија, рече Димитров.
Шефот на дипломатијата,исто така, рече дека ќе се смета себеси за одговорен ако не успее процесот на преговори за решавање на проблемот со името со Грција.
- Веднаш ќе потпишам оставка, ако мислам дека тоа ќе и помогне на Македонија и дали ќе биде подобра без мене, дали процесот ќе биде подобар без мене. Прашањето на мојата лична одговорност е имаше ли нешто што можеше да го направам, а не го направив и направив ли нешто што не помогна. И без одговорност, ако има ефект мојата оставка да помогне, апсолутно сум спремен во кое било време да ја поднесам, тоа е поголемо од мене, рече Димитров на прашањето „каде ја гледа својата одговорност ако не успее преговарачкиот процес“ за „1ТВ“.
Додаде дека во пакетот за името, Грците се согласни дека ја признаваат македонската нација, а јазикот со овој предлог треба да биде македонски, со превод на сите јазици, со што не се заканува македонскиот идентитет.
Можеби ќе ве интересира
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат
SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“
ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот
Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот




