РЕСТРИКЦИИ: Mногу европски престолнини одат во карантин
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Октомври, 2020
Се затвораат европските престолнини поради коронавирусот.
Мадрид, Париз, Лондон, како и десетици други градови на континентот од оваа недела повторно се под строг режим на ограничено движење на населението поради ширењето на епидемијата на коронавирусот.
Британската влада објави дека на жителите на Лондон ќе им биде забрането да се собираат во следните шест недели, почнувајќи од сабота.
„Во борбата против коронавирусот за Лондон ова е клучен момент“, рече градоначалникот Садик Кан.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, најави повторно воведување вонредна состојба и полициски час од 21 до 6 часот наутро во девет града.
Во Шпанија, по објавувањето на алармантната состојба, забрането е движењето на жителите на Мадрид внатре и надвор од главниот град доколку не е потребно, објави „Синхуа“.
Германската канцеларка, Ангела Меркел, и премиерите на 16 провинции се согласија да ги засилат мерките во врска со задолжителното носење маски и затворањето на баровите во областите каде има ширење на вирусот.
Канцеларката изјави дека ефективноста на мерките ќе се оценува континуирано и дека може да следуваат нови, објави „Ројтерс“.
Во Италија во средата беше забележан рекорден раст на бројот на заразени од почетокот на пандемијата во март – има вкупно 7.332, но односот помеѓу бројот на тестирани и заразени е низок процентуално.
Во оваа фаза особено загрижува состојбата во северната провинција Ломбардија, каде што има повеќе од 1.800 новоинфицирани за еден ден. Од нив 1.032 беа нови случаи само во Милано.
Координаторот на одделението за интензивна нега во Ломбардија, д-р Антонио Песенти, тврди дека не е исклучена можноста за воведување карантин за Милано.
СЗО повика на строги мерки за Европа со цел да се спасат животи.Во светот веќе има 39.2 милиони заразени со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.