Ретко кој ги забележа поради Меркел, но и двајца важни германски министри се во Скопје
Објавено во: Македонија 08 Септември, 2018
Првата посета на канцеларката Ангела Меркел на Македонија и нејзиниот углед и авторитет на светска сцена го засени и доаѓањето на двајца германски министри од важни ресори во Скопје.
Станува збор за Хајко Мас, шефот на германската дипломатија, и Урсула фон дер Лајен, минситерката за одбрана, кои се исто така во Скопје.
Меркел предводи цела делегација во Македонија што е потврда дека се работи на уште поголем исчекор во продлабочувањето на политичко-економските односи помеѓу двете земји.
Мерке на денешната прес-конференција потврди дека советник од Германија директно ќе биде примен во македонската влада за да помага во тие насоки.