„Нашите оценки се дека во овој случај, правната држава ќе излезе на виделина докажувајќи дека нашата земја е соодветна за водење бизнис и дека правната сигурност е во повисоко ниво од колку се претпоставува. СКСЗМ продолжува да го поттикнува економскиот раст и развој на земјата, како и да ја охрабрува борбата против сивата економија како предуслов за креирање соодветна клима за бизнис“, се вели во објавата.
РОКОТ ЗАВРШИ: Третина компании не го уплатиле солидарниот данок, собрани 33 милиони евра
Објавено во: Економија 28 Октомври, 2023
Рокот предвиден за плаќање на еднократниот кризен данок заврши, а Управата за јавни приходи го информира „Фактор“ дека по овој основ се собрани 33 милиони евра од успешните компании.
Рокот за плаќање за солидарниот данок, кој за прв пат законски се воведува во земјата, траеше од 25 септември до 25 октомври, а УЈП не инфомираше дека од 150 даночни обврзници, кои го исполниле законскиот критериум, обврската ја завршиле 96 компании.
„Вкупно уплатената сума на данок за солидарност заклучно со 25.10.2023 година изнесува од 2.013.705.401 денари. Пријавена обврска за плаќање на данокот за солидарност имаат 150 даночни обврзници, од нив 96 даночни обврзници веќе ја уплатиле обврската по тој основ. За даночните обврзници кои доброволно не го уплатиле данокот за солидарност во законски предвидениот рок, Управата за јавни приходи ќе преземе мерки согласно Законот за данок на солидарност и Закон за даночна постапка“, ни одговорија од УЈП.
Инаку по изгласувањето на Законот за солидарен данок, vladinite presmetki bea deka so ovoj danok еднократно ќе се соберат од 50 до 80 милиони евра од успешни компании од енергетиката, трговијата, металургијата и финансискиот сектор кои ја зголемиле добивката за време на енергетската и воена криза.
Стопанската комора на северозападна Македонија денеска информираше дека поднела жалба за Законот за данок на солидарност до Уставниот суд. Според Комората, законот е противуставен, дестимулативен и непринципиелен.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.