Русија „бега“ од Windows поради шпијунажа
Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2014 20:32
Русија е една од земјите која се обидува во целост да го отфрли софтверот на Microsof, па оваа земја во последно време се бори да ги намали нарачките на Windows и други производи на американската компанија.
После статистиката која ја обезбеди Association of Electronic Trading Platforms (AETP), видливо е дека оваа земја навистина е сериозна во намерата да ја намали зависноста од софтверот на Microsof, така да во периодот јули-август значајно е намален бројот на купени лиценци на Windows.
Руската државна новинска агенцја Итар-Тасс укажува дека руските намери да се префрли на друг оперативен систем можат да резултираат со ново заострување на односите на овие земји со западот.
Секако, на Русија ќе и требаат години да го отфрли Windows, но властите во Минхен се доказ дека такво нешто е можно. Иако Русија и понатаму го користи Windows, оваа земја планира масовен премин на Linux, а статистиката која ја нуди споменатиот извор ни овори дека таквите намери навистина се остваруваат.
Имено, во периодот јули-август руските валсти поднеле нарачки за само седум лиценци за Windows, што е четири пати помалку отколку во истиот период минатата година.
„Падот на обемот на порачки на Windows оперативниот систем е поврзан со влошениот однос на Русија и западот“, порачува АФП.
Кина е уште една земја која исто така ќе се обиде да се прфрли од Windows на Linux, но тоа во оваа земја ќе оди поради големиот број на пиртаски копии кои се користат моментално во земјата.
Владата во таа земја веќе го забранила Windows 8 на нивните компјутери поради безбедносни причини, а и покрај тоа што Microsoft им понудил на властите замена во вид на Windows 7, Кина сака да се префрли на Linux што е можно побрзо.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




