27 Декември, 2024
0.0295

РУЖИН ЗА ФАКТОР: Очекувам Пендаровски да се врати со позитивна вест од Елисејската палата

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Ќе успее ли шефот на македонската држава Стево Пендаровски да го „омекне“ срцето на францускиот претседател Емануел Макрон, на негов терен, во француската престолнина.

Средбата на двајцата претседатели е закажана и потврдена. Во Елисејската палата, на 12 ноември или попрецизно во вторник идната недела, на заедничка маса ќе седнат двајцата политичари. 

Засега е извесно само дека Пендаровски ќе патува за Париз, но никој не сака да шпекулира што ќе донесе оттаму во својот дипломатски куфер. 

Најмалку сака да излегува со претпоставки самиот Пендаровски. Фактор го праша кабинетот на претседателот какви се неговите очекувања од состанокот, но оттаму сметаат дека е неблагодарно било што да се предвидува или прогнозира.

Иако сега можеби изгледа далеку, од мај идната година кога треба да се одржи Самитот на Европската унија во Загреб, земјава ја дели само половина година. Има ли шанси тогаш да се исправи историската неправда и дали шефот на државава ќе успее да го убеди Макрон дека Македонија заслужува да ги отвори преговорите со Унијата, се разбира со ветување дека во претстојниот период ќе се постигне многу поголем напредок на планот на реформите што од нас се бараат. 

Универзитетскиот професор Нано Ружин за Фактор вели дека средбата меѓу Пендаровски и Макрон е одлична вест за земјава, која за нас ќе донесе позитивен исход.

„Тоа е одлична вест за нас. Очекувам дека Макрон, кој е сериозен политичар, и кој не може да оди против тоа што го кажал, ќе се обиде да го оправда негативниот потег, и претпоставувам дека ќе зборува за новата методологија која ја објави на последниот состанок на лидерите на ЕУ, кога зборуваше за посебна стратегија за земјите од Западен Балкан и за четирите столба кои треба да ги исполнат, а тие се владеење на правото, безбедност, економска соработка и реформи. Сепак, сметам дека од средбата може да се очекува оптимистички епилог, бидејќи мислам дека има желба кај претседателот Макрон да се избегне негативен ефект, со оглед што и самиот неодамна спомна дека не смее да се дозволи на Западен Балкан да продре влијанието на земји како Кина, Русија или Турција“, вели Ружин.

Според него, во наш прилог оди и изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој рече дека бил во право за евроазиската ориентација на земјите од регионот. 

„Така што, јас очекувам на таа средба да биде потврден европскиот пат на земјава“, потенцира Ружин.

А во корист на Македонија до Самитот на ЕУ во Загреб, ќе дејствуваат и Соеинетите Американски држави. Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер, по завчерашната средба со Вучиќ рече дека со неотворањето на пристапните преговори со Северна Македонија, ЕУ направила историска грешка и испратила лоша порака за целиот регион. 

„САД сакаат Западен Балкан да има европска перспектива и ние ќе направиме се што можеме да ја убедиме ЕУ да го промени ставот пред состанокот на европските лидери во Загреб во мај“, рече Палмер. 

Дали може до мај, особено по средбата на Макрон со Пендаровски, да се надминат препреките за земјава на патот кон ЕУ?

Долгогодишниот дипломат и познавач на состојбите, Ружин, смета дека може да се надеваме на позитивен епилог. Притискот врз Франција е премногу силен и од нејзините стратешки партнери, како што се Германија, Италија, па дури и Грција, која сака да покаже поддршка на регионот. 

„Симпотоматично е како толку брзо, речиси панично, Макрон организира средба со нашиот претседател Пендаровски. Штом тој ја организира средбата, ќе сака оттаму да излезе позитивна вест. Така што, јас очекувам претседателот Пендаровски да се врати со позитивни импресии од Елисејската палата“, вели за Фактор професорот Ружин.

А оваа средба доаѓа после повеќемесечно неуспешно обидување на македонските власти да обезбедат прием кај Макрон.

Премиерот Зоран Заев е среќен поради средбата на двајцата претседатели, на кои земјава уште еднаш ќе ги претстави своите аргументи. Вели дека тој барал средба со претседателот Макрон, а веројатно барал и претседателот Стево Пендаровски. 

„Среќен сум што конечно висок наш претставник ќе се види со првиот човек на пријателска Франција и да се разговара за сите аргументи, за Макрон да ги разгледа ситуациите. Прашањето не е важно само за Северна Македонија, за Западен Балкан, туку и за Европа“, нагласи премиерот. 

Франција на самитот во Брисел стави вето на одлуката Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со Европската унија.

Заменик претседателката на францускиот Сенат, Елен Конве - Муре, на македонските претставници и од власта и од опозицијата завчера им потенцирала дека државава нема друга алтернатива освен полноправно членство во Унијата.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПО ДОПРЕН ГЛАС: Ќе истражуваат кој го следел Мицкоски

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПО ДОПРЕН ГЛАС: Ќе истражуваат кој го следел Мицкоски

ТОШКОВСКИ ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СИМНА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Одделот за внатрешна контрола не утврди дека прекршил било каква процедура

ТОШКОВСКИ ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СИМНА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Одделот за внатрешна контрола не утврди дека прекршил било каква процедура

ДУИ незадоволен од тоа што не е казнет полицаецот што го отстрани албанското знаме

ДУИ незадоволен од тоа што не е казнет полицаецот што го отстрани албанското знаме

„Оставам на обвинителството, да видиме дали овој глас ќе допре до нив и дали ќе преземат мерки“: Мицкоски за следењето

„Оставам на обвинителството, да видиме дали овој глас ќе допре до нив и дали ќе преземат мерки“: Мицкоски за следењето

Опожарени два контејнери во центарот на Скопје

Опожарени два контејнери во центарот на Скопје

Тошковски се чуди зошто не е одреден притвор за Васко Ковачевски

Тошковски се чуди зошто не е одреден притвор за Васко Ковачевски

Ветените 1.200 вработувања во здравството ќе се чекаат во јануари

Ветените 1.200 вработувања во здравството ќе се чекаат во јануари

„КАЈ НАС НЕМА ПАЦИЕНТ СО МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ“: директорот на Инфективна клиника вели нема простор за паника по утврдувањето на заболен во Косово

„КАЈ НАС НЕМА ПАЦИЕНТ СО МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ“: директорот на Инфективна клиника вели нема простор за паника по утврдувањето на заболен во Косово