САД ГО СТАВИ КОЧО АНЃУШЕВ НА ЦРНАТА ЛИСТА: Тој најави дека ќе се жали
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2023
Стејт департментот го стави Кочо Анѓушев на црната листа. Поранешниот вицепремиер е неподобен за влез во САД поради неговата вмешаност во корупција. Освен на Анѓушев, забранет влез во САД имаат и неговата сопруга и двете деца.
Во периодот од 2017 до 2020 година, во претходната Влада на премиерот Зоран Заев, Анѓушев беше вицепремиер за економски прашања.
„Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси“, се вели во соопштението од Стејт Департментот.
Анѓушев вели дека ќе се жали на оваа одлука.
„Во текот на мојот мандат во Владата на Република Северна Македонија од 2017-2020 година работев со целосно почитување на сите закони и уставни одредби на државата, и во интерес на македонската економија и на демократските принципи на кои почива нашата земја. Четири години по моето самоиницијативно повлекување од Владата, нема никаков судски процес за било кој сегмент од моето работење, од причини што за тоа нема никакви основи. Јас вработувам 1000 луѓе во Македонија, и во периодот на мојот мандат моите фирми бележеа само пад и загуби, што е регистрирано и во државните финансиски служби. Јас имам фирми во Велика Британија, Германија, Холандија и во САД, и сум американски даночен обврзник, односно јас плаќам данок во Соединетите Американски Држави и сум партнер и соработник со значајни економски субјекти и личности во САД. Додека служев како вицепремиер во македонската Влада силно се залагав и работев за зачленување на земјата во НАТО, го поддржував зачленување во ЕУ, и ги поддржувам и сега сите активности кои се преземаат во тој правец“, стои во соопштението.
Силно ги негира сите сомневања изразени во документот објавен од како што вели почитуваниот Стејт Департментот и сака да извести дека ќе ја обжали одлуката и ќе ги искористи сите правни лекови наведени во самиот документ во правец на повлекување на оваа одлука, која ја смета за непотребна во рамките на заложбите на нашите пријатели, Соединетите Американски Држави, за борба против корупцијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.