16 Декември, 2025
0.0452

Сакате работа во Дубаи? Еве како да дојдете до неа!

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2015 10:45

Добивај вести на Viber

Се почеста е појавата на заминување во странство поради подобар живот. Не слушаме така ретко „Уште да одам, овде нема живот“, или „Секаде е подобро“. Младите најчесто сакаат да го остварат „американскиот сон“ па најчесто се одлучуваат да заминат во Америка како студенти, на неколку месеци, а останат со години илегално.

Тука е и Шведска која неодамна ги отвори границите за странски државјани, па Германија и Австрија како ветени земји за медицински работници. Ние ви откриваме предности и мани за работите во Дубаи.

Најпрво не е се така како што изгледа. Повеќемина конкурираат за работа преку странски портали, праќаат свое CV и добијат повик во наредните неколку недели, после што следува виртуелен разговор на Скајп.

Визата ја регулира работодавачот кај кој ќе работите и готови сте да полетате. Но, што се случува понатаму и каква е всушност заработката, никој не пишува. Секако, на сајтовите секогаш читате позитивни коментари, како сместувањето е супер, храната одлична, заработката не може подобра итн.

Да, тоа не мора да биде неточно, но зависи од кој агол се гледа. Високообразовните луѓе поминуваат навистина добро и нивните месечни плати навистина се во илјадници евра. Тоа се занимања како градежни работници, архитекти, доктори, забари.

Dubai-Gate02

Тие професии се навистина добро платени и за кои се исплати да се замине. И да, голем број на луѓе од овие занимања навистина се збогатуваат од работата во ОАЕ. Што е со останатите, занимања како келнери, шанкери, луѓе кои работат како обезбедување? Дали и тие исто така добро заработуваат?

Според некои сознанија, платите на позициите кои ги споменавме се од 500-800 евра со сместување и храна. Сместувањето и храната мора да ги земете со резерва, бидејќи сместувањето може да биде оддалечено со километри од Дубаи. А храната, кога веќе сме тука, индиската е секогаш на менито, па ако не сте пребирливи со храна, може да поминете.

Во спротивно ќе ви требаат барем 30 евра дневно за храна. И кога ја поделите таа месечна заработка со сите трошкови кои ги имате, не ви останува ништо. Да го намалиме песимизмот, добрата страна на сето ова е што ќе го видите едно од најпосетените места на светот, ќе ја запознаете источната култура и народ, ќе се сликате за Фејсбук и ќе се вратите со празни џебови.

Секако, секогаш има такви кои се „снаоѓаат“ и многу брзо напредуваат. Она што тие велат дека е пресудно за успехот во Дубаи е подготвеноста, активноста, отвореноста за различни видови на позиции и работи. Во Емиратите тоа се почитува, затоа Балканците често успеваат во работата таму, за разлика од Азијците. Потребно е многу ентузијазам и желба за успех.

jobs-in-dubai

Што се однесува до девојките, тие најпрво се вработуваат во авио-компании, како стјуардеси, или хостеси. Дубаи располага со повеќе од 400 хотели, така да таа работа релативно лесно се наоѓа. Работата на стјуардесата е добро платена, но бидете подготвени на исцрпно тестирање, обука и на „живот во авион“.

Исто така мора да напоменеме дека девојките во такви состојби мора да водат сметка и да бидат внимателни. Не е реткост да бидат заведени од гламур и блескавиот сјај на оваа метропола и да завршат како елитна „јахтинг проституција“ каде за една ноќ се плаќаат и по 3000 евра. Во почетокот на сите им изгледа дека ќе станат Синди Крафорд, а всушност стануваат жртви на распространета трговија со луѓе.

Доколку сепак се одлучите за Дубаи како златна оаза, мора да бидете подготвени дека за секоја работа покрај вас аплицираат уште 70.000 луѓе, а тие на пример избираат 3000. Значи мора да се издвоите и да бидете поинакви. Еве и како:

-средете го своето CV

-истражувајте

-аплицирајте за различни позиции

Гледајте CV-то да биде оригинално, немојте да ги симнувате вообичаените форми, мора да бидете поинакви, за да воопшто бидете воочени. Истражувајте за работите кои сакате да ги работите, какви се условите, колкава е платата. И да, конкурирајте непрекинато, поделете 100 примероци, можеби нема сите да ве повикаат веднаш, но ќе имате поголема можност да ја добиете саканата работа.

employment_and_free_trade_zones_in_dubai

Исто така добро погледнете ги огласите, ако на пример пишува плата 5000 евра дознајте дали таму е пресметан и смештајот и храната. Многу веројатно е дека не е, така да кога одземете се што треба да платите нема да имате повеќе од 2000 евра. Или да речеме ако видите оглас - рецепционер, плата од 5000-15 000 евра, бидете сигурни дека нема туку така да ги добиете тие 15 000. Дубаи е како и секоја друга држава во побарувачка за што поефтина работна сила, за да остварат профит, така да бидете подготвени на се.

Ако немате сестри, стрини, тетки, роднини, другари кои се таму, едни од најдобрите сајтови за вработување се, dubai-information-site.com, dubai.com/jobs/ dubizzle.comcatererglobal.com; потоа hozpitality.com, jobsindubai.com.

Лесно е да се снајдете на овие сајтови, имате листа на професии и опција  apply (аплицирај)! 

Како и за секоја работа, бидете убедливи, претставете се себе си што можете подобро, убаво облечете се, едноставно потрудете се да оставите добар впечаток.

dubai foto

И.Р

Можеби ќе ве интересира

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА