Samsung телевизор -најубавото парче бела техника во вашиот дом!
Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2024 09:25
Телевизорот во домот секому е важен да му обезбеди вистинско искуство за
уживање секој пат, без разлика дали гледаме филм, серија, спорт, документарец,
концерт или било која содржина. А ако сакате тоа искуство да ви го обезбеди
најдобриот меѓу најдобрите, тогаш задолжително погледнете ги телевизорите на Samsung и нема да имате потреба да барате понатаму. Посветеностана иновациите ги позиционира овие телевизори како најпосакувани, додека
корисничкото искуство го прави едно и единствено! воедно постојано го подобрува
корисничкото искуство.

Дали сакате во вашата дневна соба да се чувствувате како во кино?
Секој од нас посакува својот омилен филм да го гледа на огромен екран. Или пак, замислете како изгледа спортски натпревар кога гледате на екран поголем од вообичаените големи екрани. Токму затоа Samsung во својата палета на телевизори ги нуди револуционерните 77-инчниот OLED 4K телевизор и неверојатниот 98-инчен QLED 4K, со кои гледањето на вашите омилени содржини е подигнато на повисоко ниво, бидејќи во секое време ќе имате можност да се опуштите и да уживате пред сопствениот „кино екран“.
77” OLED 4K S95C е елегантен, и неверојатно тенок, без рамки и е најтенкиот профил досега благодарение на прекрасниот Infinity One дизајн. Брилијантниот квалитет на 4K слика е надополнет со 20 различни невронски мрежи кои гарантираат дека навистина ја чувствувате моќта на 4K резолуцијата. Иновативната Samsung OLED технологија ги овозможува најтемните длабоки црни, најчистите бели и сите нијанси на бои со помош на најнапредните самоосветлени пиксели напојувани со квантни точки. За подобро аудио искуство тука е технологијата Dolby Atmos, која секој детал ќе го слушате со неверојатна јасност и длабочина, без разлика колку дејствија се случуваат на екранот. Алатката OTS+ (Object Tracking Sound) со помош на вештачка интелигенција ја анализира секоја сцена и при тоа го наоѓа најоптималниот звук следејќи го движењето на објектот на екранот за целосно живописно, тридимензионално аудио искуство. Со звучниците кои го следат движењето низ екранот, можете да доживеете реален 3D звук што ве става во центарот на сцената. И сето ова се случува на импресивните 195 сантиметри (77 инчи) на овој премиум телевизор.
Уште една опција на која тешко се одолева кога бараме телевизор со многу инчи е Samsung телевизорот98''QLED 4Kкој исто така ви гарантира првокласно кино чувство. Станува збор за телевизор кој носи беспрекорна технологија за прикажување, но и елегантен дизајн на екранот, кој на корисниците им нуди висококвалитетно искуство. Брилијантниот Quantum HDR ќе ви обезбеди најсветла слика и најчист контраст, а со поддршката на неуронскиот Quantum процесор 4K, сликата на Theatrum гарантира автентични и јасни бои оптимизирани за екранот од 98 инчи, односно невројатни 249 сантиметри. Вграденатаопција Real Depth Enhancer ја прикажува перцепцијата на длабочината на ист начин како човечкото око, создавајќи волшебно визуелно искуство за секој корисник. Импресивниот звук, кој претставува уште една клучна компонента во создавањето незаборавно телевизиско искуство е поддржан од технологијата на звучниците Dolby Atmos и функцијата Q Symphony. Овие уреди ја содржат и функцијата Eye Comfort, која автоматски ја прилагодува осветленоста на боите на екранот, во зависност од условите во просторијата, со што на сите љубители на филмови им овозможува фантастично искуство.

Одберете 8К телевизор за дом од иднината!
Samsung со своите најнови Neo QLED телевизори го покажува патот до врвната технологија за прикажување и поставува нови стандарди за самите уреди. Со најновата технологија за зголемување на резолуцијата и напредните функции, во срцето на беспрекорниот Neo QLED 8K екран е 8K Neural Quantum Processor, кој управува со бројни невронски мрежи и алгоритми, користи вештачка интелигенција и технологија за машинско учење за да направи секој детал да блеска на вашиот екранот. Таков телевизор е QN900C Neo-QLED TV со кој вашиот простор ќе го подготвите за иднината. Или пак, ако ваш „пик“ е телевизорот QN800Cкој поседува и одлични перформанси при гејмање или стримање, ќе увидите дека извонредноста на овој телевизор не е само поради 8К, туку и поради технологијата Ultra Viewing Angle која ви овозможува од било кој агол во просторот да имате совршен поглед кон содржината на екранот.
Погледнете ги и OLED телевизорите. Квалитетот на сликата на Samsung OLED S90C обезбедува совршена црна боја и бесконечен сооднос на контраст и поголемо осветлување што создава неверојатна јасност и деталност на сликата на екранот. Длабоките црни, чисти бели и богати, живописи бои ќе ве остават без зборови, додека пак автентичниот екран во боја потврден од Pantone, обезбедува прецизни изрази на 2030 Pantone бои и 110 новосоздадени нијанси на тонови на кожата. Функцијата Real Depth Enhancer ќе ви создаде чувство на длабочина што е исто како гледање во живо, а режимот EyeComfort ќе ги оптимизира осветленоста и боите на екранот по зајдисонце, што ви го олеснува одморот на очите. Ова интелигентно прилагодување на светлината гарантира дека вашите очи нема да бидат напнати за време на ТВ сесиите доцна во ноќта.
Без грижи за безбедноста на вашите податоци во Samsung телевизорот
Новата технологија денес значи и дека голем дел од вашите податоци, се наоѓаат и во вашиот телевизор. Сепак, компанијата Samsung се грижи и за ова, создавајќи бројни дополнителни поволности за своите корисници. Така, платформата Knox е една од софтверските карактеристики со кои дефинитивно може да се пофалат Samsung телевизорите. Придобивките што оваа платформа им ги носи на корисниците првенствено се огледуваат во повеќеслојната заштита која ги зачувува вашите податоци како што се PIN-кодови, други кодови и лозинки. Исто така, сите други уреди поврзани преку интернет со вашиот омилен телевизор се безбедни, а во исто време сте заштитени од злонамерни напади бидејќи оваа платформа автоматски ги блокира злонамерните дејства и пристапот до сајтовите за „фишинг“. Покрај целосната безбедност, безбедносниот тим на Samsung го оптимизира и вашиот уред преку редовни ажурирања, ревизии и следења за да имате целосно искуство.
SmartThingsе идеалната апликација за вашиот паметен дом!
Платформата SmartThings, како уште една придобивка на уредите Samsung, овозможува беспрекорна интеграција и поврзување на повеќе уреди, додека безбедноста останува главен приоритет, што им олеснува на корисниците да создадат навистина персонализирано искуство кое одговара на нивните преференции и потреби.
Штом го поврзете вашиот телефон со телевизорот преку платформата SmartThings, не само што ќе можете од телефонот да ги давате сите команди за ваше уживање во филмската вечер, туку на големиот екран од телевизорот ќе можете да ги следите и сите други апарати од вашето домаќинство кои се врзани со оваа апликација.
Samsung телевизор во вашиот дом е вистинско иновативно решение не само за оние кои ги следат најновите технологии за врвно искуство при гледање телевизија, туку и за сите кои се восхитуваат на премиум дизајнот на овие телевизори. Направете го вашиот простор да изгледа идеално со Samsung телевизор каков што посакувате – со беспрекорен квалитет и одлични функционалности.
Повеќе информации за Samsung телевизорите прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95c-77-inch-oled-4k-smart-tv-qe77s95catxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/q80c-98-inch-qled-4k-smart-tv-qe98q80catxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn900c-65-inch-neo-qled-8k-smart-tv-qe65qn900ctxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn800c-65-inch-neo-qled-8k-smart-tv-qe65qn800ctxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s90c-55-inch-qe55s90catxxh/
Можеби ќе ве интересира
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА




