07 Октомври, 2024
0.0268

Саудиска Арабија планира да ја замени нафтата со ветерот и сончевата енергија до 2040 година

Објавено во: Економија 25 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Саудиска Арабија, која денес е најголем извозник на нафта во светот, може уште во 2040 година да се откаже од употребата на суровината, изјавил министерот за нафта Али ал Наим на конференцијата посветена на климатските промени во Париз. Ријад планира да стане „светска сила во соларната енергијата на ветерот“ и може да започне да извезува електрична енергија наместо нафта, пишува рускиот „Ведомости“.

„Ние во Саудиска Арабија ќе признаеме дека на крајот не ни се потребни фосилните горива. Не знам кога ќе се случи тоа - 2040, 2050 година или подоцна“, појаснил министерот.

Според многу претставници на енергетскиот сектор тоа е премногу амбициозна цел. Саудиска Арабија е најголемиот потрошувач на нафта на Блискиот Исток, како над 25% од целата екстракција на сурова нафта се употребува на внатрешниот пазар. Во 2012 година „Citigruop“ предвидуваа дека при зачувување на трендовите во растот на нафта до 2030 година земјата може да стане нето увозник на суровината.

Ал Наим исто така, изјавил дека се уште е рано да се повикува на откажување од употребата на многу видови на фосилни горива во името на спречување на климатските промени. Повеќе од 1 милијарда луѓе во светот немаат пристап до електрична енергија и од таа причина е побарувачката на фосилни горива кои ќе продолжуваат со предизвик уште многу години. Поради оваа причина треба да се работи на методи како согорувањето на нафта, природен гас и јаглен да не влијаат врз климата, изјавил министерот.

Саудиска Арабија, како и другите држави од Персискиот залив одамна разговараат за намерите да ја зголемат употребата на обновливи извори. Пред три години саудиските власти ги објавија плановите да изградат неколку соларни централи, кои може да извезуваат електрична енергија. Падот на цената на нафтата сепак доведе до сериозни сомневања за спроведувањето на овие планови, но Ал Наим се обиде да ги отфрли. „Уверен сум дека соларната енергија е пониска од економска гледна точка, отколку фосилните горива“, додал тој.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми