Саудиската кралска палата нападната од терорист
Објавено во: Свет 07 Октомври, 2017
Кралската палата во Џеда, Саудиска Арабија, денеска била мета на терорист кој отворил оган од оружје по што следела престрелка со безбедносните служби, при што загинале напаѓачот и неколку припадници на обезбедувањето на резиденцијата. Саудиските власти досега не ги коментираа ваквите информации.
Претходно, американската амбасада во Саудиска Арабија ги предупреди државјаните на САД „да бидат внимателни“ доколку се движат во реонот околу кралската палата во Џеда, бидејќи добила информации дека во тој дел „дошло до престрелки и дека има загинати“.
Во соопштението се посочува дека Амбасадата добила неколку непотврдени дојави оти саудиските безбедносни сили спречиле обид за напад во близина на кралската палата.
Палатата „Дар ас Салам“ е државна резиденција во која се наоѓа кабинетот на саудискиот крал и се одржуваат седниците на Владата.
Изминативе месеци саудискаите власти информираа дека спречиле неколку обиди за терористички напоади во земјата.