15 Јануари, 2025
0.0354

СДСМ: Груевски од страв не ја урна Универзална сала

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Од опозицијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се повлекол од  рушење на Универзалната сала во Скопје поради  две причини.

„Едната е тендерска, а втората е страв“, тврдат од партијата на Заев, алудирајќи на тоа како поминале кога решија да го продаваат Офицерскиот дом во Битола па наидоа на отпор кај граѓаните.

„Груевски се плаши. Знае дека првиот момент кога ќе удреше со хебла на Универзална сала во Скопје, тоа ќе значеше удар врз спомените и сеќавањата на скопјани. А веќе го стигнува казната за сите руини што ги направи во 10 годишниот мандат“, изјави Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

 Оттаму посочуваат дека Универзална сала е културна знаменитост на градот и дека во неа се случија најдобрите музички концерти во земјата.

„ Граѓаните тука го култивираа својот вкус и фаќаа приклучок со светските случувања на современата музичка и изведувачка сцена. Во Универзална сала се случија театарски и мултимедијални продукции, и настани од  популарната култура, што влегоа во културната меморија на градот и на скопјани“, велат од СДСМ.

Инаку, вчера надлежните соопштија дека најавената јајцвидна концертна сала која требаше да се најди на местото на Универзална сала во Скопје сепак нема да се гради.

Владата се повлече и се одлучи да „игра” на поевтина карта, па ќе се врши само реконструкција.

Причината да се одбере ова решение како што посочи министерката за култура Канческа Милевска е моменталната економска ситуација и економската неоправданост на проектот.

Претходно беа планирани 65 милиони евра за уривање и градење на нова со  2.500 до 3.000 седишта, мала за камерни изведби со околу 300 места и административни простории.

Реконструкцијата пак ќе чини 15 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба