СДСМ и Левица против укинувањето на недела неработен ден
Објавено во: Економија 29 Декември, 2024
„Верниот слуга на Стопанската комора и домашната олигархија - Мицкоски, најави враќање на недела за работен ден! Откако неспособна Влада на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ преку манипулативните кошнички, зголемените цени на суровините и електричната енергија сервираше нова порција инфлација што го доведе работникот до работ на егзистенција, сега го принудува за дополнителен приход да работи и во недела.
Потсетуваме дека врз овој удар по грбот на работникот претходат бројни средби помеѓу Мицкоски и претседателот на Стопанската комора Азески. Збеснатата Влада е спремна својата благосостојба и џебовите на сопствените донатори да ги полни од маката на работникот. Затоа, нивниот експлоататорски нагон ги става на маса интересите на алчната буржоазија којашто станува сѐ побогата, додека работниците и синдикатите, се исклучени од процесите и стануваат сѐ посиромашни.
Работникот не смее да биде поставен на дното на општеството и претворен во слуга на капиталот. Затоа најавуваме бескомпромисна борбa против обидот за одземање на ова круцијално работничко право. Не за богатење врз гробот на работниците!“, се огласија денеска и од Левица.