17 Декември, 2025
0.0536

Се бараат градежници, техничари, работници во услужните дејности, невработени Македонци повелете!

Објавено во: Економија 03 Септември, 2013 07:56

Добивај вести на Viber

На пазарот на работна има потреба од скоро 5 000 вработени, во исто време кога 222 илјади граѓани се без работа. Последните статистички мерења покажаа дека во вториот квартал од годинава, во различни сектори , како што се преработувачката индустрија, трговијата, услужните дејности , здравството и други има 4 873 слободни работни места. РАБОТА ИМА -  РАБОТНИЦИ НЕМА? Најголем број на слободни работни места од 1 347 има во преработувачката индустрија, која пак во исто време зафаќа и најголем број на вработени – 95 423 лица.  Еве во кои дејности има најголем број на слободни работни места: Преработувачка индустрија    1 347 Трговија                                               824 Објекти за сместување               717 Како бизнисмените и експертите ја објаснуваат состојбата во која од една страна, илјадници луѓе се без работа а од друга страна – одредени сектори располагаат со стотици слободни работни места? “Одговорот, според мене треба да се бара на два пункта. Прво, од каков вид на кадар имаат потреба компаниите и второ, каков вид на работна сила се нуди на пазарот. Така, сега веќе се соочувме со потреба од висококвалификувана работна сила која ќе може да управува со ИТ технолошките процеси во градежништвото, земјоделството, телекомуникациите. Прашање е колку и дали невработените можат да  одговорат на новите трендови“ – вели за “Фактор“ Миле Бошков, претседател на Организацијата на работодавачи. Тој посочува дека во моментов, според податоците на Агенцијата за вработување, на пазарот има колку 100 000 невработени кои се изјасниле дека активно бараат работа, но според Бошков, клучна е нивната квалификција. Тој смета дека без соодветна обука, тие не можат да одговорат на потребите на бизнисот. Состојбата во која Македонија е една од земјите во Европа и во регионот со подлабока стапка на невработеност во исто време кога пазарот има потреба од нови вработени – експертите ја објаснуваат со повеќе аргументи. ’Точно е дека во Македонија има скоро 300 илјади невработени. Од нив, една третина сметам дека работат во странство, една третина работат на црно или ги користат државните надоместоци, а останатите се оние 100 илјади луѓе што активно бараат работа “ – коментираат експертите. Од организацијата на работодавачи посочуваат дека со конкретен проблем на недостаток на работна сила се соочува компанијата што ја гради делницата Демиркапија- Смоквица. “Бројките и мерењата на институциите се едно, реалната состојба на терен е сосема нешто друго. Фирмата “АКТОР“ што го гради автопатот Демиркапија – Смоквица има потреба од грдежна работна сила, но квалификувана, што може да управува со високо-технолошки градежни машини. Според информациите, сегашната понуда на пазарот на работна сила не може да ги задоволи овие барања “ – објаснува Бошков. Со недостаток на соодветен кадар се соочуваат компаниите и во менаџерскиот сегмент. Од Организацијата на работодавачи велат дека недостасуваат и обучени и специјалзирани менаџери кои секоторски би управувале со компаниите, како што се експорт – менаџерите  стратегиски меџери или на пример ИТ менеџерите. КОИ ФИРМИ – КАКВИ ВРАБОТЕНИ БАРААТ? Според последните мерења на Заводот за статистика, најолем број на слободни работни места има во Скопскиот регион, а на второ и трето место се Источниот и Вардарскиот регион. Слободни работни места по региони : Скопски                  180 778 Источен                    50 050 Вардарски                41 815 Југозападен              38 249 Пелагониски              33 908 Анализирано од аспект на видот на фирмите што имаат потреба од работна сила, мерењето на статистичарите покажува дека најмногу слободни работни места или речиси 1 600 има во компаниите со 10 до 50 вработени. Фирмите со 50 до 249 вработени раполагаат со 1 491 слободно работно место додека малите бизниси имаат потреба од 1 134 нововработени. Еве за кои занимања има најголем број на слободни работни места: Работници во услужни дејности    1 601 Елементарни занимања                 1 035 Техничари                                           538 Службеници                                        511 На пазарот има потреба и од 295 научници и стручњаци. Според последните расположливи податоци на Заводот за статистика , стапката на вработеност на ниво на Македонија изнесува 40% или вкупно има 668 957 вработени, додека невработеноста изнесува 29,9% односно со статус на невработени се 284 823 лица. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно