СЕ БЛИЖАТ ИЗБОРИ: Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе избере кандидат за претседател?
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2023
ВМРО-ДПМНЕ на 2 март 2024 година ќе избере кандидат за претседател.
Од партијата соопштија дека се отпочнати и подготовките за избор на кандидат за претседател на Македонија, при што изборот ќе се одржи на Изборна Конвенција која ќе се случи на 2 март 2024 година во Скопје.
Извршниот комитет на партијата одржа седница, на која е одлучено да се формира изборен штаб кој ќе го предводи претседателот Христијан Мицкоски, а негов заменик ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски.
„И за избор на претседател и за парламентарните избори очекуваме голема историска победа после која ќе се случат промените во Македонија и ќе се стави крај на оваа корупција, како и тонење на економијата. Победата ќе биде силна и убедлива затоа што Македонија заслужува промени и состојбата никогаш не била потешка и подраматична за нашата држава“, изјави потпретседателот Александар Николоски.
Претходно на лидерската средба беа утврдени датумите за споени претседателски и парламентарни избори – 24 април и 8 мај.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.